Деца и Млади
Идеи за Раст во Сите Области на Животот


„Идеи за Раст во Сите Области на Животот,“ Личен Развој: Детски Водич (2019)

„Идеи за Раст во Сите Области на Животот,“ Личен Развој: Детски Водич

Идеи за Раст во Сите Области на Животот

Следните страници имаат идеи за тоа како може да го следите Спасителот и да растете во сите области од вашиот живот. Не мора да ги користите овие—најдобрите идеи може да бидат ваши! Молете се за тоа на што можете да работите сега.

Може да најдете повеќе идеи на ChildrenandYouth.ChurchofJesusChrist.org.

духовни, социјални, физички, интелектуални

Идеи за Духовен Раст

Кои се Вашите Идеи?

млади како се молат

Читајте ја Книгата на Мормон Секој Ден

млади читаат од светите писма

Создадете навика за читање, дури и ако тоа се само неколку стихови секој ден.

Подготовете се за Одење во Храмот

млади во храм

Научете и живејте ги “Моите Евангелски Стандарди“ (страна 63), и поканете ги другите да го сторат истото.

Научете ги Поставките на верата

млади како бројат

Запамтете ги Поставките на Верата (страна 62), и научете што тие значат.

Подобрете ја Вашата Молитва

млади како читаат

Пред да се молите, размислете за што сте благодарни и за што ви треба помош.

Заблагодарете му на Небесниот Отец за Вашите Благослови

список за проверка

Напишете три нешта поради кои сте благодарни. Обидете се да напишете три нови нешта секој ден.

Одржувајте го Сабат Свет Ден

семејство надвор од црквата

Одлучете што да направите или што да престанете да правите за да го направите Сабат посебен ден.

Служете Некому

млади како чистат

Барајте начини да му помогнете на некој од вашето семејство, на училиште, или во црква.

Направете Семејна Историја

баби и дедовци

Напишете писмо до баба или дедо, вујна или вујко. Замолете ги да ви раскажат приказна од времето кога тие биле на ваша возраст.

Споделете го Евангелието

луѓе како зборуваат

Зборувајте со пријател за евангелието. Повикајте го вашиот пријател во црква или на активност.

Поучувајте го Евангелието

семејно читање

Поучувајте го вашето семејство за вашата омилена приказна од светите писма. Одглумете или нацртајте слики кои ќе ви помогнат да поучувате.

Испејте песна од Основно

млади како свират гитара

Пејте со член на семејството. Забележете како се чувствувате додека слушате добра музика.

Идеи за Социјален Раст

Кои се Вашите Идеи?

млади како се молат

Научете за Семејството

семејство што шета заедно

Прочитајте го „Семејството: Проглас кон Светот,“ и зборувајте со вашите родители за тоа што научивте.

Покажете Љубов кон Вашето Семејство

семејство на маса за вечера

Направете нешто убаво за луѓето во вашето семејство

Вклучете и Други

млади како шетаат

Најдете начини да поминете време или да му служите на некој што се чувствува запоставен или му треба вашето пријателство.

Дознајте за Другите Култури

млади со лама

Прочитајте за другите култури, разговарајте со луѓе од други земји, или присуствувајте на културна прослава во ваша близина.

Служете им на Вашите Соседи

млади како преклопуваат алишта

Со вашите родители или водачи, направете нешто во вашата заедница за да им помогнете на луѓето кои имаат потреба од помош.

Научете да се Извинувате и да Простувате

млади со повреда

Одглумете ситуации каде некој има потреба од извинување или простување. Вежбајте споделување и реакција на вашите чувства.

Дознајте за Вашата Заедница

млади надвор од судска зграда

Посетете полициска станица, против пожарна станица, или друга служба на заедницата. Дознајте за тоа што тие прават, и заблагодарете им за нивната служба.

Спријателете се со Нов Пријател

млади на нишалка

Претставете се себе си на некого, и поканете ја личноста да одигра со вас.

Зборувајте Љубезни Зборови

емоџи за среќно лице

Вежбајте користејќи само зборови што некого ќе го направат среќен, а не тажен. Зборувајте за она што може да кажете доколку некој ви каже нељубезни зборови.

Контролирајте го Вашиот Темперамент.

амбивалентна младина

Вежбајте како да се смирите кога сте лути. На пример, земете длабок здив, изброете до 10, или замислете дека сте на вашето омилено место.

Изразете им добредојде на Другите

млади како зборуваат

Претставете се на некој нов од вашето училиште, соседството, или одделот или гранката. Помогнете ѝ на оваа личност да се запознае со други луѓе.

Идеи за Физички Раст

Кои се Вашите Идеи?

млади како се молат

Научете да Готвите

млади како готват

Помогнете им да подготват здрав оброк или ужинка. Споделете го тоа со семејството или пријателите.

Зајакнете го Вашето Тело

млади како вежбаат

Направете нешто редовно за да го раздвижите вашето тело, како спортување, танцување, вежбање, или играње надвор.

Покажете Почит за Вашето Тело

млади како ги мијат забите и косата

Одржувајте го вашето тело чисто секој ден. Редовно капете се. Четкајте ги вашите заби и грижете се за вашата коса секој ден.

Грижете се за Вашиот Дом.

млади како рециклираат

Направете нешто за да го направите вашиот дом убаво место за живеење, како што е чистење, декорирање, или работа во градина.

Грижете се за Нештата што ги Поседувате

млади како ги организираат своите работи

Замолете ги вашите родители да ве научат како да ги поправите или да се грижите за предметите што ги користите.

Научете Нова Уметничка Вештина

млади како цртаат

Цртајте, насликајте, или скицирајте слика и дајте ја на некој што го сакате.

Научете Нова Музичка Вештина

млади како свират гитара

Научете како да испеете песна, да свирите инструмент, или да диригирате музика. Понудете да ја споделите вашата вештина на домашната семејна вечера или на друга активност.

Почитувајте го Словото на Мудроста

млади како мислат на ужина

Читајте ја Учење и Завети 89 за да откриете што Небесниот Отец ветува доколку го почитувате Словото на Мудроста. Одлучете како може подобро да го живеете.

Уживајте во Вашето Време на Отворено

семејно планинарење

Одете на прошетка или планинарење со вашето семејство или пријателите за да го истражувате светот околу вас.

Споделете ги Вашите Таленти

млади како свират труба

Споделете еден од вашите таленти со некого кој е осамен.

Подгответе се за Итни Случаи

луѓе како гледаат на карта

Направете план со вашите родители или водачи за тоа што да правите во итни случаи.

Идеи за Интелектуален Раст

Кои се Вашите Идеи?

млади како се молат

Дознајте за плаќање Десеток

млади како плаќаат десеток

Научете зошто е важно да се плаќа десеток. Дајте десет проценти од вашие приходи за Господ.

Подобрете ги Вашите Вештини за Читање

мајка и ќерка како читаат

Прочитајте книга за нов предмет, или читајте книга што е подолга од оние што вообичаено ги читате.

Научете како да Бидете Безбедни на Интернет

семејство како користи компјутер

Направете список на семејни правила за користење на интернет или апликации.

Научете Нешто Ново

млади како читаат

Одберете нешто за што сте заинтересирани, и научете се во врска со тоа.

Присуствувајте или Гледајте Културни Настани

луѓе во музеј

Посетете музеј или културен настан во вашата област. Зборувајте со вашите пријатели или семејството за нешто ново што сте научиле.

Дознајте за Различни Работни Места

луѓе како поправаат автомобил

Посетете некого што го познавате на работа за да дознаете што тие прават и како работите функционираат.

Дознајте за Луѓето на кои им се Восхитувате

луѓе како зборуваат

Ова може да биде лице кое го знаете или некој од историјата или светите писма. Одлучете како може да станете што послични на нив.

Научете како да Правите Добри Избори

дијаграм, причина и последица

Сите избори имаат свои последици, што се нештата што се случуваат како резултат на она што го правите. Направете список со некои од одлуките и нивните последици.

Подобрете ја Вашата Меморија

лице како размислува

Запамтете дел од омиленото свето писмо, поема или песна.

Научете Нов Јазик

семејство како користи паметен телефон

Научете да кажете здраво и други основни зборови на друг јазик. Вежбајте со некого кој зборува на тој јазик, доколку е можно.

Напишете Приказна

млади како пишуваат

Напишете приказна за вашиот живот или за член на семејството.