„Поставки на верата,“ Личен Развој: Детски Водич (2019)
„Поставки на верата,“ Личен Развој: Детски Водич
Поставки на верата
1 Ние веруваме во Бога, Вечниот Отец и во Неговиот Син, Исус Христос и во Светиот Дух.
2 Веруваме дека луѓето ќе бидат казнети поради сопствените гревови, а не поради престапот на Адам.
3 Ние веруваме дека преку Помирувањето на Христос, целото човештво може да биде спасено, преку покорување на законите и уредбите на Евангелието.
4 Ние веруваме дека првите принципи и уредби на Евангелието се: прво, вера во Господ Исус Христос; второ, Покајание; трето, Крштавање преку потопување за откупување на гревовите; четврто, Ракополагање за дарот на Светиот Дух.
5 Ние веруваме дека еден човек мора да биде повикан од Бога, преку пророштво и преку ракополагање од оние што имаат овластување, за да го проповеда Евангелието и да управува со обредите за него.
6 Ние веруваме во истата организација што постоеше во Раната Црква, имено, апостоли, пророци, пастири, учители, евангелисти и така натака.
7 Ние веруваме во дарот за јазици, пророштвото, откровението, виденијата, исцелувањето, толкувањето на јазици и слично.
8 Ние веруваме дека Библијата е словото на Бог доколку правилно е преведена; исто така веруваме дека Книгата на Мормон е словото на Бог.
9 Ние веруваме во сето она што Бог го откри, во сѐ што Тој сега открива и веруваме дека Тој се уште ќе открива многу големи и важни работи за Божјото Царство.
10 Веруваме во буквалното собирање на Израел и во обновувањето на Десетте Племиња; дека Сион (Новиот Ерусалим) ќе биде изграден на американскиот континент; дека Христос лично ќе владее на земјата; и дека земјата ќе се обнови и ќе ја добие својата рајска слава.
11 Ние ја бараме привилегијата да се поклонуваме на Семоќниот Бог според налозите на сопствената совест и им ја даваме на сите луѓе истата привилегија, дозволувајќи им да богослужат како, каде или што сакаат.
12 Ние веруваме дека сме подложени на кралеви, претседатели, владетели и судии, да се покоруваме, почитуваме и да го поддржуваме законот.
13 Ние веруваме во тоа да бидеме искрени, вистински, чисти, добродушни, доблесни, и да правиме добро за сите луѓе, всушност може да кажеме дека ја следиме опомената на Павле—ние веруваме во сѐ, се надеваме на сѐ, издржавме многу работи и се надеваме дека ќе издржиме сѐ. Ако има нешто доблесно, сакано, добро или за пофалба, ние ги бараме тие работи.
Џозеф Смит.