Мисионерски Повици
Поглавје 3: Проучувај и поучувај Го Евангелието на Исус Христос


„Поглавје 3: Проучувај и Поучувај Го Евангелието на Исус Христос“, Проповедај Го Моето Евангелие: Водич за Споделување на Евангелието на Исус Христос (2023)

„Проучувај и Поучувај Го Евангелието на Исус Христос,“ Проповедај Го Моето Евангелие

Крштевањето на Христос, од Џозеф Брики

Поглавје 3

Проучувај и Поучувај го Евангелието на Исус Христос

Лекциите од ова поглавје ја содржат суштинската доктрина, начела и заповеди на евангелието на Исус Христос. Овие лекции се четивото што живите пророци и апостолите ве советуваа да го научите и предавате. Дадени се тука за да може да им помогнете на другите јасно да ја разберат Христовата доктрина.

Првиот дел од ова поглавје е поканата за крштевање. Остатокот од поглавјето се состои од следните четири лекции:

Проучувајте ги стиховите и одржувајте ја доктрината во секоја лекција. Додека го правите тоа, Духот ќе сведочи за вистините што ги проучувате. Ќе ви помогне да знаете што да кажете и да направите за да им помогнете на другите да добијат сведоштво за вистината. (Види Учење и завети 84:85.)

Луѓето поцелосно ќе го запознаваат Спасителот додека го прават она што Тој ги повикал да го прават. Упатувајте покани во секоја лекција, и помогнете им на луѓето да ги одржат своите заложби. Кога луѓето ги исполнуваат нивните заложби, почнуваат да го живеат евангелието на Исус Христос и се подготвуваат да склучат завети со Бога.

Научете ги сите лекции пред и по крштевање. Полновремените мисионери и во едниот и во другиот случај преземаат иницијатива за поучување на лекциите. Кога е можно, учествуваат и мисионери на оддел или другите членови. Види поглавја 10 и 13 за информации за вклучување други членови во поучувањето.

Подготви се да Поучуваш

Додека се подготвувате за предавање, проверете ги податоците за секоја личност во апл Проповедај го Моето Евангелие. Направете план за лекцијата врз основа на потребите на личноста. Размислете што личноста треба да знае и да чувствува за време на вашата едукативна посета. Духот ќе ги велича вашите заложби додека одвојувате време за подготовка и планирање.

Еве неколу прашања за побожно размислување за вас и вашиот придружник додека се подготвувате за предавање.

  • Каква покана ќе упатиме за да му помогнеме на лицето да изгради вера во Христос и да напредува? Со поканите вие им помагате на луѓето да се покајат и да ја искусат „моќта на Искупителот“ (Хеламан 5:11). Размислете за напредокот, ситуацијата и потребите на личноста. Потоа вклучете еден или повеќе повици во вашиот лекциски план.

  • Која доктрина и принципи ќе и помогнат на личноста да ја одржи заложбата за која се заложивме да ја преземе? Преку молитва одредете кои доктрини и принципи ќе им помогнат на луѓето да разберат зошто е важно за нив и за Господ да ја одржат својата заложба.

  • Како ќе и помогнеме на таа личност да ја научи доктрината? За да се подготвите за поучување на доктрината, организирајте и сумирајте што ќе предавате користејќи ги лекциите 1–4. Посочете прашања, стихови, примери и соодветен медиум што ќе и помогне на личноста да разбере што предавате. Види поглавје 10 за информации како да се подобри вашето предавање.

  • Какви благослови ветил Бог доколку ги прифатиме и одржиме заложбите? Кога ја проучувате доктрината, идентификувајте ги Божјите ветени благослови. Додека предавате, ветете благослови и дајте сведоштво за нив.

  • Кои членови можат да учествуваат? На редовниот неделен координативен состанок, одредете кои членови би можеле да ви помогнат да го поучувате и поддржите лицето. Пред лекцијата, разговарајте за нивното учество. Види поглавје 10.

  • Што можеме да направиме за да им помогнеме на луѓето да ги одржат своите заложби откако ќе заминеме? Продолжете со оставрување на краток секојдневен контакт за да им помогнеме на луѓето да ги одржат сопствените заложби. Барајте начини да вклучите членови за да им помогнете на оние кои ги поучувате да ги одржат своите заложби. Овој контакт би можело да вклучи читање на поглавје од Книгата на Мормон или другите свети писма. Доколку некој не ја исполни претходната заложба, можеби е подобро да му помогнете со таа пред да упатите друга. Види поглавје 11.

  • Како подобро да им помогнеме следниот пат? По секоја можност за поучување, оценете што луѓето сватиле од предаваното. Дали нивната вера во Христос расте? Дали го чувствуваат Духот? Дали се покајуваат, се заветуваат и ги исполнуваат заложбите? Дали се молат, ја проучуваат ли Книгата на Мормон и одат ли во црква? Подгответе планови за да им помогнете.

Предавајте од срце водени од Духот

Во обраќањето до сите старешини и сестри, Првото Претседателство и Членовите на Кворумот на Дванаесетте Апостоли изјавија:

„Нашата цел е да ја пренесеме пораката за обновеното евангелие на начин што ќе му дозволи на Духот да ги води мисионерите и оние што се поучуваат Од суштинско значење е да се научат концептите на [лекциите], но тие не треба да се предаваат механички напамет. Мисионерот мора да се чувствува слободен да користи сопствени зборови како што е поттикнат од Духот. Тој не треба да рецитира рецитал научен на памет, туку да зборува од срце и со свои зборови. Може да отстапи од редоследот на лекциите, предавајќи ја онаа што сака да ја одработи, според интересот и потребите на [личноста]. Искажувајќи ги своите чувства според сопствено убедување и со свои зборови, тој мора да посведочи за вистинитоста на неговите учења.“

мисионери среќаваат човек

Поучувајте и Канете според индивидуалните Потреби

Имате флексибилност да ги предавате лекциите на начин што ќе им помогне на луѓето целосно да се подготват за крштевањето и потврдувањето. Која лекција ќе ја предавате, кога ќе ја предавате и колку време ќе и посветите најдобро се одредува според потребите на личноста што ја поучувате и од водството на Духот. На пример, кога им предавате на луѓе што не се од Христијанско потекло, може да започнете со помагање да развијат поголема поврзаност со Небесниот Отец и разбирање за Неговиот План (види „Поучување Луѓе Кои Немаат Христијанско Потекло“ во поглавје 10).

Нека ве води Духот при одредување кои покани да ги упатите и кога. Вистинската покана во вистинско време може да ги поттикне луѓето да направат нешто што ќе ја зајакне нивната вера. Овие дејствија водат кон моќна промена на срцето (види Мосија 5:2; Алма 5:12–14).

Предавајте лекции што се едноставни, јасни и кратки. Обично, наставната посета не треба да е подолга од 30 минути и можете да научите некој човек за само 5 минути.

Обично потребни се неколку средби за да се поучат на лекцијата. Луѓето честопати подобро ќе ја разберат вашата порака ако лекциите се кратки, често предавате и предавате мали делови од матерјалот.

Проучување на светите писма

Што сте упатени да предавате?

Зошто е важно да ја проучувате доктрината во лекциите?