„Поглавје 3: Поканата за Крштевање и Потврдување“, Проповедај го моето Евангелие: Водич за Споделување на Евангелието на Исус Христос (2023)
„Поканата за Крштевање и Потврдување“, Проповедај го моето Евангелие
Поглавје 3
Поканата за Крштевање и Потврдување
Доктринарна основа
Сите ние сме чеда на Небесниот Отец. Дојдовме на земјата да ја имаме можноста да учиме, да растеме да наликуваме на Него за да може да се вратиме во Негово присуство (види Мојсеј 1:39). Без божествена помош, не можеме да станеме слични на Него или да се вратиме кај Него. Нашиот Небесен Отец го испрати Својот Син, Исус Христос да се помири за нас и да ги скрши оковите на смртта (види 3 Нефи 27:13–22).
Добиваме пристап до Христовата искупителни искупителна моќ со практикување вера во Него до степен на покајание, крштевање, примање на Светиот Дух преку потврдување и истрајување до крај. Одржување на кршталниот завет е првиот чекор во сопственото поврзување со Бога за да може Светиот Дух да ја очисти, зајакне и промени нашата природа на подобро. Искусувањето на ова свето влијание се нарекува духовен препород. (Види 2 Нефи 31:7, 13–14, 20–21; Мосија 5:1–7; 18; 27:24; 3 Нефи 27:20; Јован 3:5.)
Духовниот препород започнува кога се крштеваме со вода и со Духот. Крштевањето е радосен и надежен обред. Кога се крштеваме со скршено срце и скрушен дух, го започнуваме животот одново со Божјата сила која нѐ одржува. Откако ќе бидеме крстени и потврдени, можеме да продолжиме да се зајакнуваме со достојно учество на сакраменталните средби. (Види 2 Нефи 31:13; Мосија 18:7–16; Морони 6:2; Учења и Завети 20:37.)
Упатување Покана
Како што се чувствувате водени од Духот, канете ги луѓето да се крштеваат и да бидат потврдени. Ова може да се случи за време на било која лекција.
Поучувајте ја доктрината за крштавање и помогнете им на луѓето да ја разберат Христовата доктрина (види лекција 3). Поучувајте за важноста и радоста на кршталниот завет, за добивање простување на гревовите и на дарот на Светиот Дух преку потврдување.
Подгответе ги луѓето за повик за крштевање со тоа што ќе се уверите дека го сватиле она што сте ги научиле и заветот со кој се заветуваат. Заветот за крштевање е следниот:
-
Да бидат спремни да го преземат името на Исус Христос.
-
Да се држат до Божјите заповеди.
-
Да му служат на Бога и другите.
-
Да истраат до крај. (Види лекција 4.)
Можете да го споделите следново:
“Кога се крштеваме,‘сведочиме пред [Бога] дека [ние] стапуваме во завет со него, дека [ние] ќе sму служиме и ќе се држиме до неговите заповеди’ Додека го склучуваме овој завет, Тој ветува дека ќе ‘го истура неговиот Дух пообилно врз [нас]’ (Мосија 18:10)“.
Вашата покана за крштевање треба да биде конкретна и директна. Може да кажете:
„Дали ќе го следите примерот на Исус Христос со тоа што ќе бидете крстени од некој кој е ракоположен да го извршува овој обред? Ќе ви помогнеме да се подготвите за крштевање. Веруваме дека можете да се подготвите до [датум]. Ќе се подготвите ли да бидете крстени на овој датум?“
Како и со секоја покана што ја упатувате, ветете дека луѓето ќе добијат големи благослови ако ја прифатат поканата да бидат крстени и да се држат до заветите поврзани со неа. Споделете го вашето сведоштво за овие благослови.
Поучете дека крштевањето и потврдувањето не се крајна дестинација. Туку, тие се појдовна точка на патот кон преобразба што поцелосно ја внесува надежта, радоста и моќта на Бог во животот на човекот (види Мосија 27:25–26). Откако ќе се крстат и потврдат луѓето може да очекуваат дека ќе бидат осветени од Духот кога напредуваат по заветниот пат.
Ако е можно, поканете ги оние што ги поучувате да присуствуваат на службата за крштевање и сакраментална средба, каде што некој се потврдува.