Свети Писма
Учење и Завети 22


Поглавје 22

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Манчестер, Њујорк, 16 Април, 1830. Ова откровение беше дадено на Црквата како последица на некои кои претходно беа крстени посакувајќи да се обединат со Црквата без повторно крштавање.

1, Крштавањето е нов и вечен завет; 2–4, Овластеното крштавање е потребно.

1 Ете, Јас ви велам на вас дека сите стари завети Јас направив да бидат престанати во ова нешто; и ова е нов и вечен завет, и тоа оној што беше од почетокот.

2 Затоа, иако човек може да биде крстен стотина пати не му овозможува ништо, бидејќи не може да влезе во права порта преку законот на Мојсеј, ниту преку неговите мртви дела.

3 Зашто поради вашите мртви дела Јас предизвикав овој последен завет и оваа црква да бидат изградени при Мене, како и во минатото.

4 Затоа, влезете во портата, како што Јас заповедав, и не обидувајте се да го советувате вашиот Бог. Амин.