Поглавје 90
Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 8 Март, 1833. Ова откровение е продолжен чекор во воспоставувањето на Првото Претседателство (видете наслов на поглавје 81); како последица тамошна, советниците споменати беа одредени на 18 Март, 1833.
1–5, Клучевите на царството му се посветени на Џозеф Смит и преку него и на Црквата; 6–7, Сидни Ригдон и Фредерик Г. Вилијамс ќе служат во Првото Претседателство; 8–11, Евенагелието треба дабиде проповедано на нациите на Израел, на Неевреите, и на Евреите, секој човек слушајќи на сопствен јазик; 12–18, Џозеф Смит и неговите советници треба да ја постават Црквата во ред; 19–37, Разновидни поединци се советувани од Господ да чекорат исправено и служат во Неговото царство.
1 Така кажа Господ, вистина, вистина Јас ти велам на тебе синко, твоите гревови ти се простени, според твоето барање, зашто твоите молитви и молитвите на твоите браќа стигнаа до Моите уши.
2 Затоа, ти си благословен оттука натаму кој ги носиш клучевите на царството кои ти се дадени; кое цартсво доаѓа напред за последен пат.
3 Вистина Јас ти велам на тебе, клучевите на ова царство никогаш нема да бидат одземени од тебе, додека ти си на светов, ниту во светот кој следи;
4 Сепак, преку тебе пророштвата ќе бидат дадени на друг, да, дури и при црквата.
5 И сите тие кои примаат пророштвата од Бог, нека се чуваат како ги држат за да не ги сметат како незначително нешто, и да не се донесени така под осуда, и се тркалаат и паднат кога бурите ќе се спуштат, и ветриштата летаат, и дождовите паднат, и удираат врз нивната куќа.
6 И повторно, вистина Јас им велам на твоите браќа, Сидни Ригдон и Фредерик Г. Вилијамс, нивните гревови им се простени исто, и тие се одговорни како еднакви со тебе во држење на клучевите за ова последно царство;
7 Како што е исто така преку вашето послужување на клучевите на училиштето на пророците, кое Јас сум заповедал да биде организирано;
8 За така да може да бидат усовршени во нивното служење за спасението на Сион, и за нациите на Израел, и на Неевреите, колку многу кои ќе веруваат;
9 За преку вашето послужување да можат да го примат словото, и преку нивното послужување словото може да оди напред при краиштата на земјата, на Неевреите прво, и потоа, ете, и гледај, тие ќе се свртат кон Евреите.
10 И тогаш доаѓа денот кога раката на Господ ќе биде откриена со моќ во убедување на нациите, безбожната нација, куќата на Јосиф, за евангелието на нивното спасение.
11 Зашто ќе се случи на тој ден, дека секој човек ќе ја слушне целината на евангелието на сопствен јазик, преку тие што се одредени при оваа моќ, преку послужувањето на Утешителот, излиено врз нив за откровение на Исус Христос.
12 И сега, вистина Јас ти велам на тебе, Јас ти давам една заповед дека ти ќе продолжиш во служба и претседателство.
13 И кога ќе го завршиш преводот на пророците, од тогаш натаму ќе претседаваш врз делата на црквата и училиштата;
14 И од време на време, како што ќе биде прикажано преку Утешителот, ќе добиваш откровенија да ги откриеш мистериите на цартсвото;
15 Ставете ги во ред црквите, и изучувајте и учете, и запознајте се со сите дибри книги, и со јазици, толкувања, и луѓе.
16 И ова ќе биде ваша работа и мисија за сите ваши животи, да претседавате во совет, и да ги поставите во ред сите дела на оваа црква и царство.
17 Не бидете засрамени, ниту збунети; туку бидете предупредени во сета ваша височина на ум и гордост, зашто тоа носи замка врз вашите души.
18 Поставете ги во ред вашите куќи; држете ги мрзливоста и нечистотијата далеку од вас.
19 Сега, вистина, вистина Јас ви велам на вас, нека има место обезбедено, колку брзо што е можно, за семејството на советникот и писарот, и тоа Фредерик Г. Вилијамс.
20 И нека Мојот стар слуга, Џозеф Смит, Сен., продолжи со неговото семејство во местото каде што тој сега живее; и нека не биде продадено додека устата на Господ го именува.
21 И нека Мојот советник, и тоа Сидни Ригдон, остане каде што е сега додека устата на Господ го именува.
22 И нека епископот пребара трудољубиво да стекне пратеник, и нека биде човек кој ги има богатствата во посед—еден човек од Бог, и од силна вера—
23 За тој да може да се ослободи од секој долг; за складиштето на Господ да не биде доведено во бесрамност пред очите на народот.
24 Барајте трудољубиво, молете се секогаш, и верувајте, и сите нешта ќе делуваат заедно за ваше добро, ако чекорите исправено и се сеќавате на заветот кој го имате заветено едни со други.
25 Нека вашите семејства се мали, особено на Мојот стар слуга Џозеф Смит, Сен., како што се однесува до оние кои не припаѓаат на вашите семејства;
26 За тие нешта кои се обезбедени за вас, да се оствари Моето дело, да не бидат одземени од вас и дадени на оние кои не се достојни—
27 И таму бидете отежнати при исполнување на тие нешта кои Јас ви ги заповедав.
28 И повторно, вистина Јас ви велам на вас, тоа е Моја волја дека Мојата слугинка Виена Жак треба да прими пари да ги плати нејзините трошоци, и да оди при земјата на Сион.
29 И остатокот од парите може да бидат посветени при Мене, и таа нека биде наградена во Мое сопствено време.
30 Вистина Јас ти велам, дека е познато во Моите очи дека таа треба да оди при земјата на Сион, и да прими наследство од рацете на епископот;
31 За таа да се смести во мир колку што таа е верна, и да не биде безделник во нејзините денови од тогаш натаму.
32 И ете, вистина Јас ти велам на тебе, дека ќе ја напишеш оваа заповед, и ќе им кажеш на вашите браќа во Сион, со љубовен поздрав, дека Јас ве повикав исто да претседавате врз Сион во Мое сопствено време.
33 Затоа, нека престанат да ме изморуваат во врска со ова нешто.
34 Ете, Јас ти велам дека вашите браќа во Сион да почнат да се покајуваат, и ангелите се радуваат врз нив.
35 Сепак, Јас не сум многу задоволен со многу нешта; и не сум задоволен со Мојот слуга Вилијам Е. МекЛелин, ниту Мојот слуга Сидни Гилберт; и епископот исто, и други кои имаат многу нешта од кои да се покајат.
36 Но вистина Јас ти велам на тебе, дека Јас, Господ, ќе се натпреварувам со Сион, и ќе ја молам со нејзините силни, и ќе ја казнувам неа додека таа не надмине и е чиста пред Мене.
37 Зашто таа нема да биде отстранета од нејзиното место. Ете, Јас, Господ, сум го кажал тоа. Амин.