Свети Писма
Учење и Завети 24


Поглавје 24

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот и Оливер Каудери, кај Хармони, Пенсилванија, Јули 1830. Иако помалку од четири месеци поминаа откако Црквата беше организирана, прогонувањето беше станало интензивно, и водачите мораа да бараат безбедност во делумни заклучоци. Следните три откровенија беа дадени во ова време да ги зајакнат, охрабрат, и да ги упатат.

1–9, Џозеф Смит е повикан да преведува, проповедува, и ги образложува светите писма; 10–12, Оливер Каудери е повикан да го проповедува евангалието; 13–19, Законот е откриен во врска со чудата, клетвите, фрлањето на правта од нозете, и одење без чанта или торба.

1 Ете, ти беше одбран и повикан да ја напишеш Книгата на Мормон, и за Моето служење; и Јас те кренав од твоите неволји, и те советував, дека си бил избавен од сите твои непријатели, и си бил избавен од моќите на Сатаната и од темнината!

2 Сепак, ти не си за простување во твоите престапи; сепак, оди по твојот пат и не греши повеќе.

3 Зголеми ја твојата служба; и откако си сеел во твоите полиња и си ги обезбедил, оди со брзина во црквата која е во Колзвил, Фајет, и Манчестер, и тие ќе те поддржат тебе; и Јас ќе ги благословам и духовно и привремено;

4 Но ако не те примат, ќе им испратам клетва наместо благослов.

5 И ти ќе продолжиш со повикување на Бог во Мое име, и пишување на нештата кои ти се дадени преку Утешителот, и образложување на сите свети писма при црквата.

6 И ќе ти биде дадено во истиот момент тоа што ќе зборуваш и пишуваш, и тие ќе го слушнат, или Јас ќе им испратам на нив клетва наместо благослов.

7 Зашто ти ќе ја посветиш сета своја служба во Сион; и во ова ти ќе имаш сила.

8 Биди трпелив во неволјите, зашто ќе имаш многу; но издржи ги нив, зашто, ете, Јас сум со тебе, дури и до крајот на твоите денови.

9 И во привремени работи нема да имаш сила, зашто ова не е твојот повик. Погрижи се за твојот повик и ќе го имаш тоа со што ќе ги зголемиш твоите служби, и да ги образложуваш сите свети писма, и продолжи со ракоположување на рацете и потврдување на црквите.

10 И твојот брат Оливер ќе продолжи да го носи Моето име пред светот, и исто на црквата. И тој нема да мисли дека може да вели доволно за Мојата цел; и ете, Јас сум со него до крајот.

11 Во Мене тој ќе има слава, и не за себеси, било во слабост или во сила, било во ропство или слобода;

12 И во сите времиња, и во сите места, тој ќе ја отвори устата и ќе го објави Моето евангелие како со гласот на една труба, и ден и ноќ. И Јас ќе му дадам сила таква каква што не е позната помеѓу луѓето.

13 Не барајте чуда, освен ако Јас ви заповедам вас, освен истерување на ѓаволи, исцелување на болните, и против отровните змии, и против смртоносните отрови.

14 И овие нешта вие нема да сторите, освен ако е потребно од вас преку нив кои го посакуваат, за светите писма да бидат исполнети; зашто ќе правите според тоа што е напишано.

15 И во било кое место и да влезете, и не ве примат во Мое име, ќе оставите клетва наместо благослов, преку исфрлање на правта од вашите стапала против нив како сведоштво, и чистење на вашите стапала на страната.

16 И ќе се случи кој и да ги положи нивните раце врз вас со насилство, вие ќе заповедате да биде удрен во Мое име; и, ете, Јас ќе ги удрам според Моите зборови, во Мое сопствено одредено време.

17 И кој и да ве носи до суд ќе биде проколнат од законот.

18 И нема да ја земате чантата ниту кожата, ниту стаповите, ниту две палта, зашто црквата ќе ви даде во самиот час тоа што ви треба за храна и за облеки, и за чевли, и за пари, и за торба.

19 Зашто вие сте повикани да го поткастрите Моето лозје, со моќно поткастрување, да, и тоа за последен пат; да, и исто така сите оние кои вие ги одредивте, и тие ќе прават според овој пример. Амин.