Свети Писма
Учење и Завети 108


Поглавје 108

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 26 Декември, 1835. Ова поглавје беше примено на барање на Лиман Шерман, кој претходно беше одреден како седумдесетти и кој дојде кај Пророкот со барање за откровение да ја соопшти неговата должност.

1–3, Лиман Шерман е простен од неговите гревови; 4–5, Тој ќе биде вброен со водечките старешини на Црквата; 6–8, Тој е повикан да го проповеда евангелието и силата да ги зацврсти браќата.

1 Вистина така ти кажа Господ, Мој слуга Лиман: Твоите гревови ти се простени, поради тоа што ти си го послушал Мојот глас кога дојде овде утрово доаѓа ова утро да го прими советот од тој што сум го назначил.

2 Затоа, нека твојата душа одмори во врска со твоето духовно стоење, и нека повеќе не се противаш на Мојот глас.

3 И нека се кренеш и бидеш повнимателен во запазување на твоите заклетви, кои си ги направил и ги склучуваш, и ќе бидеш благословен со прекумерно големи благослови.

4 Чекај трпеливо додека свеченото собрание не биде повикано од Моите слуги, тогаш ќе бидеш запомнато со Моите први старешини, и ќе примиш право од одредување со остатокот од Моите старешини кои сум ги одбрал.

5 Ете, ова е ветувањето од Отецот на тебе ако продолжиш верно.

6 И ќе биде исполнето врз тебе на тој ден кога ќе имаш право да го проповедаш Моето евангелие каде и да ти го пратам, од тука натаму од ова време.

7 Затоа, зацврсти ги твоите браќа во сите твои разговори, во сите твои молитви, во сите твои охрабрувања, и во сите твои постапки.

8 И ете, и гледај, Јас сум со тебе да те благословам и те избавам засекогаш. Амин.