Поглавје 126
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во домот на Бригам Јанг, Наву, Илиноис, 9 Јули, 1841. Овој пат Бригам Јанг беше Претседател на Кворум на Дванаесетте Апостоли.
1–3, Бригам Јанг е пофален за неговите дела и е ослободен од идни патувања во странство.
1 Драг и многу возљубен брате, Бригам Јанг, вистина така кажа Господ при тебе: Мојот слуга Бригам, повеќе не е потребно од твојата рака да го оставаш твоето семејство како во минатото, зашто твојот принос е прифатен за Мене.
2 Јас сум ја видел твојата работа и исцрпување во патувањата за Моето име.
3 Јас затоа ти заповедам да го испратиш Моето слово наоколу, и особено да се грижиш за твоето семејство од ова време, оттука и засекогаш. Амин.