Свети Писма
Учење и Завети 48


Поглавје 48

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 10 Март, 1831. Пророкот го прашал Господ за начинот на процедурата во набавката на земјиште за населување на Светците. Ова беше важна работа за разгледување за миграцијата на членовите на Црквата од источните Соединети Држави, за послушност на Господовата команда дека тие треба да се соберат во Охајо (види поглавја 37:1–3; 45:64).

1–3, Светците во Охајо треба да ја споделат нивната земја со нивните браќа; 4–6, Светците треба да купуваат земји, изградат град, и го следат советот на нивните претседавачки службеници.

1 Важно е да останете за сегашното време во вашите места на живеалиште, како што е соодветно за вашите околности.

2 И онолку колку што имате земји, вие ќе споделите на источните браќа;

3 И доколку немате земји, нека купат за сегашно време во тие области наоколу, како што им изгледа добро, зашто мора да е неопходно дека имаат места да живеат за сегашното време.

4 Мора да е неопходно да ги зачувате сите пари кои можете, и да стекнете сè што можете во праведност, за со време да можете да купите земји за наследство, дури и градот.

5 Местото уште не треба да биде откриено; но откако вашите браќа ќе дојдат од исток ќе има некои одредени луѓе назначени, и на нив ќе им биде дадено да знаат за местото, или ќе им биде отркиено.

6 И ќе бидат назначени да ги купат земјите, и да започнат да ја положуваат основата на градот; и тогаш ќе започнете да бидете собрани со вашите семејства, секој човек според неговото семејство, според неговите околности, и како што му е назначено на него од претседателството и епископот на црквата, според законите и заповедите кои вие сте ги примиле, и кои вие понатаму ќе ги примите. Дури и така. Амин.