Поглавје 49
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Сидни Ригдон, Парли П. Прат, и Леман Купли, во Киртланд, Охајо, 7 Мај, 1831. Леман Купли го прифатил евангелието но сепак задржа некои од учењата на Тресачите (Обединето Здружение на Верувачи во Второто Појавување на Христос), на кое тој претходно беше припаѓал. Некои од верувањата на Тресачите беа дека Второто Доаѓање на Христос веќе се случило и дека Тој се појавил во форма на жена, Ан Ли. Тие не го сметаа крштавањето со вода за суштинско. Тие го негираа бракот и веруваа во живот со тоталниот целибат. Некои Тресачи исто забрануваа да се јаде месо. При претставување на ова откровение, историјата на Џозеф Смит гласи „Со цел да имам посовршено разбирање на темата, Јас го прашав Господ, и го примив следното.“ Откровението ги побива некои од основните концепти на групата Тресачи. Горенаведените браќа зедоа една копија од откровението на заедницата Тресач (близу Кливленд, Охајо) и им го прочита во целост, но беше одбиено.
1–7, Денот и часот на доаѓањето на Христос ќе останат непознати додека Тој не дојде; 8–14, Луѓе мораат да се покајат, да веруваат во евангелието, и да се покорат на заповедите да добијат спасение; 15–16, Бракот е одреден од Бог; 17–21, Јадењето на месо е одобрено; 22–28, Сион ќе цвета и Ламанитите цветаат како розата пред Второто Доаѓање.
1 Послушајте го Моето слово, Мој слуга Сидни, и Парли, и Леман; зашто ете, вистина ви велам, дека ви давам заповед да одите и да го проповедате Моето евангелие кое сте го примиле, и тоа како што сте го примиле, при Тресачите.
2 Ете, Јас ви велам, дека тие посакуваат да ја знаат вистината во дел, но не цела, зашто тие не се во право пред Мене и мора да се покајат.
3 Затоа, Јас ве испраќам вас, Мои слуги Сидни и Парли, да го проповедате Моето евангелие на нив.
4 И Мојот слуга Леман ќе биде одреден при ова дело, за да може да расудува со нив, не според тоа што го примил од нив, туку според тоа што ќе му биде поучено на него преку вас Мои слуги; и преку тоа ќе го благословам, во спротивно нема да напредува.
5 Така кажа Господ; зашто Јас сум Бог и го имам испратено Мојот Единороден Син на светот за искупувањето на светот, и прогласив дека тој што го прими Него ќе биде спасен, и тој што не го прими ќе биде проколнат—
6 И тие го направија при Синот на Човекот и тоа како што сакаа; и Тој ја одзема неговата моќ од десната рака на неговата слава, и сега владее на небесата, и ќе владее додека да не се спушти на земјата да ги стави сите непријатели под Неговите стапала, кое време се ближи—
7 Јас, Господ Бог, сум го рекол тоа; но часот и денот ниту еден човек не ги знае, ниту ангелите, ниту ќе знаат додека да не дојде.
8 Затоа, Јас би сакал сите луѓе да се покајат, зашто сите се под грев, освен тие што ги резервирав за себеси, свети луѓе за кои не знаете.
9 Затоа, Јас ви велам дека Јас ви го испратив Мојот вечен завет, дури и тоа што беше од почетокот.
10 И тоа што Јас го ветив Јас така го исполнив, и нациите на земјата ќе му се поклоните на тоа; и, ако не за самите, тие ќе се симнат, зашто тоа што е сега возвишено ќе биде положено ниско со моќ.
11 Затоа, Јас ви давам заповед да одите помеѓу овој народ, и им кажете, како на Мојот апостол од минатото, чие име беше Петар:
12 Верувајте на името на Господ Исус, кој беше на земјата, и ќе дојде, почетокот и крајот;
13 Покајте се и бидете крстени во името на Исус Христос, според светите заповеди, за опростување на гревови;
14 И кој и да го прави ова ќе го прими дарот на Светиот Дух, од ракоположувањето на рацете на старешините на црквата.
15 И повторно, вистина Јас ви велам, дека кој и да забранува да се венча не е одреден од Бог, зашто брак е одреден од Бог при човештво.
16 Затоа, законски е тој да има една жена, и двајцата ќе бидат едно тело, и сето ова за земјата да може да му одговори на крајот на нејзиното создавање;
17 И за да може да биде исполнето со мерка на човекот, според Неговото создавање пред светот да биде создаден.
18 И кој и да забрани да се воздржи од месото, дека човек не треба да го јаде истото, не е одреден од Бог;
19 Зашто, ете, ѕверовите на полето и птиците во воздухот, и тоа што доаѓа од земјата, е одредено за корист на човек за храна и за облека, и да може да има во изобилност.
20 Но не е дадено за еден човек да го поседува тоа што е над другиот, затоа светот лежи во грев.
21 И тешко на човекот кој пролева крв или го троши месото и нема потреба.
22 И повторно, вистина Јас ви велам, дека Синот на Човекот доаѓа не во форма на жена, ниту човек кој патува на земјата.
23 Затоа, не бидете измамени, но продолжете во постојаност, гледајќи напред за небесата да биде затресена, и земјата да се тресе и ниша ваму и таму како пијан човек, и за долините да бидат возвишени, и за планините да стануваат ниски, и за рапавите места да бидат мазни—и сето ова кога ангелот ќе труби неговата труба.
24 Но пред големиот ден на Господ да дојде, Јаков ќе света во дивината, и Ламанитите ќе цветаат како розата.
25 Сион ќе цвета врз ридовите и ќе се радува врз планините, и ќе биде собран заедно при местото кое Јас го назначив.
26 Ете, Јас ви велам, одете напред како што ви заповедав; покајте се од сите ваши гревови; прашајте и ќе добиете; тропнете и ќе ви биде отворено.
27 Ете, Јас ќе одам пред вас и ќе бидам ваш грб; и ќе бидам на среде, вас и вие нема да бидете збунети.
28 Ете, Јас сум Исус Христос, и Јас доаѓам брзо. Дури и така. Амин.