Свети Писма
Учење и Завети 17


Поглавје 17

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Оливер Каудери, Дејвид Витмер, и Мартин Харис, кај Фајет, Њујорк, Јуни 1829, пред нивното гледање на врежаните плочи кои ги содржат записот на Книгата на Мормон. Џозеф и неговиот писар, Оливер Каудери, беше научил од преводот на плочите на Книгата на Мормон дека тројцата специјални сведоци ќе бидат одредени (види Етер 5:2–4; 2 Нефи 11:3; 27:12). Оливер Каудери, Дејвид Витмер, и Мартин Харис беа поттикнати преку една инспирирана желба да бидат тројцата специјални сведоци. Пророкот го прашал Господ, и ова откровение беше дадено како одговор преку Урим и Тумим.

1–4, Со вера, Тројцата Сведоци ќе ги видат плочите и другите свети предмети; 5–9, Христос прогласи сведоштво за божественоста на Книгата на Мормон.

1 Ете, Јас ви велам на вас, дека морате да се потпрете на Моето слово, што ако го направите со цела намера на срцето, вие ќе имате еден поглед на плочите, и исто така на градникот, мечот на Лабан, Урим и Тумим, кои му беа дадени на братот на Јаред на планината, кога тој говореше со Господ лице в лице, и чудесните водилки кои му беа дадени на Лехи додека беше во дивината, на границите на Црвеното Море.

2 И преку вашата вера ќе стекнете поглед на нив, и тоа преку таа вера која ја имаа пророците од минатото.

3 И откако сте стекнале вера, и сте ги виделе со свои очи, ќе сведочите за нив, преку моќта на Бог;

4 И ова ќе го правите за Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., да не биде уништен, за да ги остварам Моите праведни цели при човечките деца во ова дело.

5 И ќе сведочите дека сте ги виделе, и тоа како Мојот слуга Џозеф Смит Јун., ги видел; зашто тоа беше преку Мојата моќ што тој ги видел, и тоа е бидејќи тој имаше вера.

6 И тој ја преведе книгата, дури и тој дел кој му го заповедав, и како живее твојот Господ и твојот Бог тоа е вистина.

7 Затоа, вие сте ја примиле истата моќ, и истата вера, и истиот дар како него;

8 И ако ги одржувате овие Мои најнови заповеди, кои Јас сум ви ги дал, портите на пеколот нема да преовладаат врз вас; зашто Мојата благодат е доволна за вас, и вие ќе бидете кренати на последниот ден.

9 И Јас, Исус Христос, вашиот Господ и вашиот Бог, сум ви говорел на вас, за да можам да ги остварам Моите праведни цели при човечките деца. Амин.