Поглавје 9
Откровение дадено од Џозеф Смит Пророкот и Оливер Каудери, кај Хармони, Пенсилванија, Април 1829. Оливер е предупреден да биде трпелив и е опоменат да биде задоволен да пишува, за тоа време, на диктатот на преведувачот, наместо да се обиде да преведеува.
1–6, Други древни записи допрва ќе бидат преведени; 7–14, Книгата на Мормон е преведена преку учење и духовна потврда.
1 Ете, Јас ти велам, Мој сине, бидејќи ти не преведуваше според тоа што го бараше од Мене, и повторно започна да пишуваш за Мојот слуга, Џозеф Смит, Јун., така Јас би сакал да продолжиш додека не го завршиш овој запис, кој сум му го доверил.
2 И тогаш, ете, други записи имам Јас, кои Јас ќе ти дадам моќ да можеш да помагаш да се преведат.
3 Биди трпелив, Мој сине, зашто е мудрост во Мене, и не е целисходно да преведуваш во ова сегашно време.
4 Ете, делото кое си повикан да го правиш е да пишуваш за Мојот слуга Џозеф.
5 И, ете, бидејќи ти не продолжи како што започна, кога започна да преведуваш, поради тоа Јас сум ти ја одзел оваа привилегија.
6 Немој да мрмориш, Мој сине, зашто тоа е мудрост во Мене што сум се справил со тебе на овој начин.
7 Ете, ти не си разбрал; ти си претпоставил дека Јас би ти го дал, кога не помисли освен да ме прашаш.
8 Но, ете, ти велам, дека мораш да да го проучуваш во твојот ум; тогаш мораш да ме прашаш Мене дали е правилно, и ако е правилно ќе предизвикам твоите гради да горат во тебе; затоа, ќе чувствуваш дека е правилно.
9 Но ако не е во право нема да ги имаш такви чувства, туку ќе имаш затапеност од мислење што ќе те натера да го заборавиш тоа што е погрешно; затоа, не можеш да напишеш тоа што е свето освен ако не е дадено од Мене.
10 Еве, ако го знаеше ти ова ќе можеше да преведуваш; сепак, не е целисходно да преведуваш сега.
11 Ете, беше целисходно кога започна; но ти се плашеше, и времето е минато, и сега не е целисходно;
12 Зашто, зарем не гледаш дека сум му дал на Мојот слуга Џозеф доволно сила, со која се надоместува? И ниту еден од вас не осудив.
13 Прави го ова нешто кое ти го заповедав, и ќе напредуваш. Биди верен, и не предавај се на искушение.
14 Стој цврсто во делото на кое Јас сум те повикал, и ниту едно влакно од твојата коса нема да се изгуби, и ќе бидеш кренат на последниот ден. Амин.