Поглавје 60
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Независност, Џексон Округ, Мисури, 8 Август, 1831. При оваа пригода старешините кои патуваа во Округот Џексон и учествуаа во објавувањето на земјата и храмот посакаа да знаат што требаше тие да направат.
1–9, Старешините треба да го проповедаат евангелието во собирите на пакосните; 10–14, Тие не треба да безделничат со нивното време, ниту да ги закопуваат нивните златници; 15–17, Можат да ги измијат стапалата како сведоштво против оние кои го одбиваат евангелието.
1 Ете, така кажа Господ при старешините на црквата, кои треба да се вратат брзо во земјата од каде што дошле: Ете, ми е задоволство, дека дојдовте овде;
2 Но со некои не сум многу задоволен, зашто тие нема да отворат нивните усти, туку тие го кријат златникот кој Јас им го дадов на нив, поради страв од човекот. Тешко на такви, зашто Мојот гнев е распален против нив.
3 И ќе се случи, ако не се доволно верни при Мене, тоа ќе биде одземено дури и тоа што го имаат.
4 Зашто Јас, Господ, владеам на небесата горе, и помеѓу војските на земјата; и на денот кога ќе дојдам со Моите накити, сите луѓе ќе знаат што е тоа што докажува за моќта на Бог.
5 Но, вистина, Јас ќе ви зборувам во врска со вашето патување при земјата од каде што дојдовте. Предизвикајте да има брод направен, или купен, како што ви изгледа добро, не ми значи на Мене, и водете го вашето патување брзо во местото што се нарекува Св. Луис.
6 И од таму нека Моите слуги, Сидни Ригдон, Џозеф Смит, Јун., и Оливер Каудери, патуваат во Синсинати;
7 И во ова место нека го кренат гласот и го објават Моето слово со силни звуци, без бес или сомнеж, кревајќи ги светите раце врз нив. Зашто Јас можам да ве направам свети, и вашите гревови ви се простени.
8 И нека остатокот продолжи да патува од Св. Луис, двајца по двајца, и проповеда евангелието, не со брзина, помеѓу собирите на пакосните, додека да се вратат во црквите од каде што дошле.
9 И сето ова е за доброто на црквите; за оваа намера Јас сум ги испратил.
10 И нека Мојот слуга Едвард Партридџ дава од парите кои Јас му ги дал, еден дел за Моите старешини на кои им е заповедано да се вратат.
11 И тој што може, нека се врати преку патот на пратеникот; и тој што не е, од него не е барано.
12 И еве Јас зборам за остатокот кои ќе дојдат при оваа земја.
13 Ете, тие биле испратени да го проповедаат Моето евангелие помеѓу собирот на пакосните; затоа, Јас им давам заповед, така: Вие нема да безделничите со вашето време, ниту ќе го копате вашиот златник за да не биде познат.
14 И додека сте дошле во земјата Сион, и го прогласиле Моето слово, вие брзо ќе се вратите, прогласувајќи го Моето слово помеѓу собирите на пакосните, не во брзина, ниту во бес ниту со конфликт.
15 И истресете ја правта од вашите стапала против оние кои не ве примаат, не во нивно присуство, за да не ги провоцирате, туку тајно; и измијте ги вашите стапала, како сведоштво против нив на денот на судот.
16 Ете, ова е доволно за вас, и волјата на оној што ве пратил.
17 И преку устата на Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., ќе биде познато во врска со Сидни Ригдон и Оливер Каудери. Остатокот понатаму. Дури и така. Амин.