Свети Писма
Учење и Завети 129


Поглавје 129

Упатства дадени од Пророкот Џозеф Смит, во Наву, Илиноис, 9 Февруари, 1843, обелоденувајќи три големи клучеви преку кои правилната природа на ангели кои служат и духови може да биде разликувана.

1–3, Постојат и воскреснати и духовни тела на небесата; 4–9, Клучеви се дадени со кои гласници од вон превезот да бидат идентификувани.

1 Постојат два типа на битија на небесата, имено: Ангели, кои се воскреснати ликови, имајќи тела од месо и коски—

2 На пример, Исус кажа: Справете се со мене и видете, зашто еден дух нема тело и коски, како што ме гледате вие мене.

3 Второ: духовите на праведните луѓе кои се усовршени, тие кои не се воскреснати, туку ја наследуваат истата слава.

4 Кога еден гласник доаѓа велејќи дека има порака од Бог, понудете му ја вашата рака и побарајте од него да се ракува со вас.

5 Ако е ангел ќе стори така, и ќе ја почувствувате неговата рака.

6 Ако е дух на праведен човек кој е усовршен ќе дојде во негова слава; зашто тоа е единствениот начин на кој може да се појави—

7 Побарајте од него да се ракува со вас, но тој нема да мрдне, зашто тоа е спротивно од редот на небесата за еден праведен човек да мами; но тој сепак ќе ја пренесе пораката.

8 Ако тоа е ѓаволот како еден ангел на светлината, кога ќе побарате да се ракува тој ќе ви ја понуди неговата рака, и нема да почувствувате ништо; затоа може да го забележите.

9 Ова се три главни клучеви за да знаете дали некое послужување е од Бог.