Поглавје 83
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Индепенденс, Мисури, 30 Април, 1832. Ова откровение беше примено додека Пророкот седеше во совет со неговите браќа.
1–4, Жени и деца имаат право врз нивните мажи и татковци за нивна поддршка; 5–6, Вдовици и сираци имаат право врз Црквата за нивна поддршка.
1 Вистина, така кажа Господ, покрај законите за црквата во врска со жени и деца, тие што ѝ припаѓаат на црквата, кои ги имаат загубено нивните мажи или татковци:
2 Жените имаат право врз нивните мажи за нивно одржување, се додека нивните мажи се земени; и ако не се пронајдени како престапници тие ќе имаат дружина во црквата.
3 И ако не се верни нема да ја имаат дружината на црквата; сепак тие можат да остануваат врз нивното наследство според законите на земјата.
4 Сите деца имаат право врз нивните родители за нивно одржување се додека не се на соодветна возраст.
5 И после тоа, имаат право врз црквата, или со други зборови врз Господовото скалдиште, ако нивните родиетли немат со што да им дадат наследство.
6 И складиштето ќе биде одржувано од донациите на црквата; и вдовици и сираците ќе бидат обезбедени, и исто сиромавите. Амин.