Поглавје 81
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Хајрим, Охајо, 15 Март, 1832. Фредерик Г. Вилијамс е повикан да биде висок свештеник и еден советник на Претседателството на Високото Свештенство. Историчкте записи покажуваат дека кога ова откровение беше примено во Март 1832, го повика Џеси Гауз во службата на советник на Џозеф Смит во Претседателството. Сепак, кога тој потфрли да продолжи на начин со постојаност на оваа задача, повикот беше последователно префрлен до Фредерик Г. Вилијамс. Откровението (датира од Март 1832) треба да се гледа како чекор кон формална органзација на Првото Претседателство, конкретно повикувајќи за службата на советник во тоа тело и објаснувајќи за достоинството на состанокот. Братот Гауз служеше за време но беше отстранет од Црквата во Декември 1832. Брат Вилијамс беше одреден на конкретна служба во 18 Март, 1833.
1–2, Клучевите на царството се секогаш држени од Првото Претседателство; 3–7, Ако Фредерик Г. Вилијамс е верен на оваа служба, ќе има вечен живот.
1 Вистина, Вистина, Јас ти велам на тебе Мој слуга Фредерик Г. Вилијамс: Слушни го гласот на Тој што зборува, за словото на Господ твојот Бог, и послушај го повикот со кој си повикан, и тоа да бидеш висок свештеник во Мојата црква, и еден советник за Мојот слуга Џозеф Смит, Јун.;
2 На кого сум му дал клучеви на царството, кои му припаѓаат секогаш на Претседателството на Високото Свештенство:
3 Затоа, вистина Јас го признавам и ќе го благословам, и исто тебе, онолку колку што си верен во советот, во службата која Јас те назначив, во молитва секогаш, вокално и во вашето срце, во јавност и приватно, исто и во ваша служба при прогласување на евангелието во земјата на живите, и помеѓу твоите браќа.
4 И во правење на овие нешта ќе им направиш најголемо добро на твоите сограѓани битија, и ќе ја напредуваш славата на Него кој е твој Господ.
5 Затоа, биди верен; стој во службата која Јас сум те назначил; помогни им на слабите, крени ги рацете кои висат долу, засили ги беспомошни колена.
6 И ако ти си верен до крајот ќе имаш круна на бесмртност, и вечен живот во мензите кои Јас ги подготвував во куќата на Мојот Отец.
7 Ете, и гледај, ова се зборовите на Алфа и Омега, дури и Исус Христос. Амин.