Свети Писма
Учење и Завети 77


Поглавје 77

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Хајрим, Охајо, околу Март, 1832. Историјата на Џозеф Смит објавува, „Во врска со преведувањето на Светите Писма, јас го примив следното објаснување на Откровението на Св. Јован.“

1–4, Ѕверови имаат души и ќе живеат во вечна среќа; 5–7, Оваа земја има привремено постоење на 7000 години; 8–10, Разновидни ангели го обновуваат евангелието и послужуваат на земјата; 11, Запечатувањето на 144,000; 12–14, Христос ќе дојде на почетокот на седумте илјади години; 15, Двајца пророци ќе бидат кренати при Еврејската нација.

1 П. Што е морето од скршена чаша за кое зборува Јован, 4-то поглавје, и 6-от стих на Откровение?О. Тоа е земјата, во нејзината осветена, бесмртна, и вечна состојба.

2 П. Што треба ние да разбереме преку четирите ѕверови, споменати во истиот стих?О. Тие се фигуративни изрази, употребениени од Откровителот, Јован, при опишување на небесата, рајот на Бог, среќата на човекот, и на ѕверовите, и на нештата што ползат, и на птиците во воздухот; тоа што е духовно во ликот на тоа што е привремено; и тоа што е привремено во ликот на тоа што е духовно; духот на човекот е налик на личноста, како и духот на ѕверовите, и секое друго суштество кое Бог го создава.

3 П. Дали се четирите ѕверови индивидуални ѕверови, или тие претставуваат класи или наредби?О. Тие се ограничени на четири индивидуални ѕверови, кои му беа покажани на Јован, да ја претставуваат славата на класите на суштества во нивните судбински ред или сфера на создавање, во уживањето на нивната вечна среќа.

4 П. Што треба ние да разбереме преку очите и крилјата, кои ѕверовите ги имаа?О. Нивните очи се приказ на светлината и знаење, значи, тие се полни со знаење; и нивните крилја се приказ на моќ, да се движи, делува, итн.

5 П. Што треба да разбереме преку четирстотини и дваесетте старешини, за кои зборуваЈован?О. Ние треба да разбереме дека овие старешини кои Јован ги виде, беа старешини кои беа верни во делото на службата и беа мртви; кои припаѓаа на седумте цркви, и беа тогаш во рајот на Бог.

6 П. Што треба ние да разбереме преку книгата која Јован ја виде, која беше запечатена на задната страна со седум печати?О. Ние треба да разбереме дека содржи откриена волја, мистерии, и дела на Бог; скриените нешта на Неговата економија во врска со оваа земја за време на седум илјади години од нејзиното продолжување, или нејзиното привремено постоење.

7 П. Што треба ние да разбереме преку седумте печати со кои беше запечатено?О. Ние треба да разбереме дека првиот печат ги содржи нештата од првите илјада години, и вториот исто така од вторите илјада години, и така натаму сè до седмиот.

8 П. Што треба ние да разбереме преку четирите ангели, за кои се зборува во 7-та глава и 1-от стих на Откровение?О. Ние треба да разбереме дека тие се четири ангели испратени од Бог, на кои им е дадена моќ врз четирите делови на земјата, да спасуваат животи и да уништуваат; ова се тие кои го имаат вечното евангелие да го посветат на секоја нација, колено, јазик, и народ; имајќи моќ да се затвараат небесата, да ги запечатуваат за живот или да фрлаат на местата за темнина.

9 П. Што треба ние да разбереме преку ангелот воздигнувајќи се од исток, Откровение 7-мо поглавје и втори стих?О. Ние треба да разбереме дека ангелот што се крева од исток е тој на кого му е даден печатот на живиот Бог преку дванаесетте племиња на Израел; затоа, тој им плачеше на четворицата ангели кои го имаа вечното евангелие, велејќи: Не ја повредувајте земјата, ниту морето, ниту дрвјата, додека не сме ги запечатиле слугите на Бог во нивните чела. И, ако ќе го примите, ова е Илијас кој требаше да дојде да ги собере заедно племињата на Израел и ги обнови сите нешта.

10 П. Во кое време ќе бидат исполнети овие нешта за кои се зборува во оваа глава?О. Тие ќе бидат исполнети во шесте илјади години, или на отворот на шестиот печат.

11 П. Што треба ние да разбераме преку запечатување на сто четириесет и четирите илјади, од сите племиња на Израел—дванаесет илјади од секое племе?О. Ние треба да разбереме дека тие кои се запечатени се високи свештеници, одредени во светиот ред на Бог, да го послужуваат вечното евангелие; зошто тие се тие кои се одредени од секоја нација, колено, јазик, и народ преку ангелите на кои им е дадена моќ врз нациите на земјата, да донесат колку што ќе дојдат во црквата на Првородениот.

12 П. Што треба ние да разбереме преку свирење на трубите, споменати во 8-та глава на Откровение?О. Ние треба да разбереме дека како што Господ го направи светот за шест дена, и на седмиот ден Тој ја заврши работата, и ја освети, и исто така создаде човек од правта на земјата, дури така, на почетокот на седумите илјади години Господ Бог ќе ја освети земјата, и ќе го заврши спасението на човекот, и ќе ги суди сите нешта и ќе ги искупи сите нешта, освен тоа што не го стави под неговата моќ, кога Тој ќе ги запечати сите нешта, при крајот на сите нешта; и свирењето на трубите на седумте ангели се подготвуваат и ја завршуваат работата, на почетокот на седумте илјади години—подготвувањето на патот пред времето на Неговото доаѓање.

13 П. Кога нештата треба да бидат исполнети, кои се напишани во 9-та глава на Откровение?О. Тие ќе бидат исполнети после отворањето на седмиот печат, пред доаѓањето на Христос.

14 П. Што треба ние да разбереме преку малата книга која беше изедена од Јован, како што е споменато во 10-то поглавје на Откровение?О. Ние треба да разбереме дека беше мисија, и едно одредување, за тој да ги собере племињата на Израел; ете, ова е Илијас, кој, како што е напишано, мора да дојде и ги обнови сите нешта.

15 П. Што треба да биде разбрано преку двајцата сведоци, во единаесеттата глава на Откровение?О. Тие се двајца пророци кои ќе бидат кренати за Еврејската Нација во последните денови, во времето на обновувањето, и да им пророкуваат на Евреите после да бидат собрани и го имаат изградено градот на Ерусалим во земјата на нивните татковци.