Поглавје 80
Откровение му дадено преку Џозеф Смит Пророкот на Стефен Бурнет, во Хајрим, Охајо, 7 Март, 1832.
1–5, Стефан Бурнет и Еден Смит се повикани да проповедаат во какво и да е место кои ќе го одберат.
1 Вистина, така ти кажа Господ на тебе Мојот слуга Стефан Бурнет: Оди ти, оди во светот и проповедај го евнагелието на секое суштество кое доаѓа под звукот на твојот глас.
2 И онолку колку што посакуваш придружба, Јас ќе ти го дадам Мојот слуга Еден Смит.
3 Затоа, оди и проповедај го Моето евангелие, било да е на север или на југ, на исток или на запад, не е важно, зашто не можеш да промашиш.
4 Затоа, објави ги нештата кои си ги слушнал, и вистина веруваш, и знаеш да бидат вистинити.
5 Ете, ова е волјата на Тој што те повика, твојот Искупител, дури и Исус Христос. Амин.