Свети Писма
Учење и Завети 106


Поглавје 106

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 25 Ноември, 1834. Ова откровение е упатено кон Ворен А. Каудери, постар брат на Оливер Каудери.

1–3, Ворен А. Каудери е наречен како локален преседавачки службеник; 4–5, Второто Доаѓање нема да ги престигне децата на светлина како крадец; 6–8, Големи благослови следат верна служба во Црквата.

1 Моја волја е дека Мојот слуга Ворен А. Каудери треба да биде назначен и одреден како претседавачки висок свештеник во Мојата црква, во земјата на Слобода и регионите наоколу;

2 И треба да го проповеда Моето вечно евангелие и го крене неговиот глас да го предупреди народот, не само во сопственото место, туку и во соседните окрузи;

3 И го посвети цело време на овој висок и свет повик, кој Јас сега му го давам, барајќи го трудољубиво царството на небесата и неговата праведност, и сите нешта што му се неопходни ќе му се додадат; зашто работникот е достоен да се вработи.

4 И повторно, вистина Јас ти велам, доаѓањето на Господ повлекува близу, и го зазема светот како еден крадец во ноќта—

5 Затоа, опашајте ги вашите бедра, за да може да сте децата на светлината, и тој ден нема да ве престигне како крадец.

6 И повторно, вистина Јас ти велам на тебе, постоеше радост на небесата кога Мојот слуга Варен се поклони на Мојот скиптар, и се раздели себеси од вештините на луѓето;

7 Затоа, благословен е Мојот слуга Ворен, зашто ќе имам милост за него, и без оглед на суетноста на неговото срце, Јас ќе го кренам онолку колку што тој ќе се понизи себеси пред Мене.

8 И Јас ќе му дадам благодат и уверување со кое може да стои; и ако тој продолжи да биде верен сведок и една светлина при црквата Јас сум подготвил една круна за него во мензите на Мојот Отец. Дури и така. Амин.