Свети Писма
Учење и Завети 4


Поглавје 4

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до неговиот татко, Џозеф Смит Сен., кај Хармони, Пенсилванија, Февруари 1829.

1–4, Храбра служба ги спасува служителите на Господ; 5–6, Божествени особини ги квалификуваат нив за служење; 7, Нештата на Бог мора да бидат барани.

1 Сега ете, едно чудесно дело наскоро ќе се појави помеѓу децата на човекот.

2 Затоа, О ти кој се пушташ во службата на Бог, гледајте да му служите на него со сето ваше срце, моќ, ум и сила, за да можете да стоите невини пред Бог на последниот ден.

3 Затоа, ако имате желби да му служите на Бог вие сте повикани за работата;

4 Зашто ете полето е бело, спремно за жетва; и гледајте, оној што го забива неговиот срп со неговата моќ, истиот чува во складиште за дане загине, туку донесе спасение на неговата душа;

5 И вера, надеж, милосрдие и љубов, со едно око единствено за слава на Бог, го оспособуваат него за работата.

6 Запомнете вера, доблест, знаење, воздржаност, трпение, братска љубезност, божественост, милосрдие, понизност, трудољубивост.

7 Прашајте, и ќе добиете; тропнете, и ќе ви биде отворено на вас. Амин.