Свети Писма
Учење и Завети 69


Поглавје 69

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Хајрим, Охајо, 11 Ноември, 1831. Компилација на откровенија наменета за рано објавување беше предадена во специјалната конференција во 1–2 Ноември. На 3 Ноември, откровенијето од овде што се појавува како поглавје 133, подоцна наречено Наставка, беше додадено. Оливер Каудери беше претходно назначен да ги носи скриптите на комбинираните откровенија и заповедите во Независност, Мисури, за печатување. Тој исто така требаше да земе со себе пари кои беа допринесени за градење на Црквата во Мисури. Ова откровение го насочува Џон Витмер да го придружува Оливер Каудери и исто го упатува Витмер да патува и собира исторички материјали во негов повик како историчар и летописец на Црквата.

1–2, Џон Витмер го придружува Оливер Каудери до Мисури; 3–8, Тој е исто така треба да проповеда и да собира, снима, и запишува историски податоци.

1 Послушајте ме Мене, кажа Господ вашиот Бог, за доброто на Мојот слуга Оливер Каудери. Тоа не е мудрост во Мене да му биде доверени заповедите и парите кои тој ќе ги носи во земјата на Сион, освен ако еден оди со него кој ќе биде вистинит и верен.

2 Затоа, Јас, Господ, сакам Мојот слуга, Џон Витмер, да оди со Мојот слуга Оливер Каудери;

3 И исто тој да продолжи со пишување и правење на една историја на сите важни нешта кои тој ќе ги набљудува и знае во врска со Мојата црква;

4 И исто тој да прима совет и помош од Мојот слуга Оливер Каудери и други.

5 И исто, Моите слуги кои се во странство во земјата треба да испратат извештаи за нивните управувања во земјата Сион.

6 Зашто земјата Сион ќе биде седиште и едно место да се примат и да се прават сите овие нешта.

7 Сепак, нека Мојот слуга Џон Витмер патува многу времиња од место до место, и од црква до црква, за тој да може полесно да добие знаење—

8 Проповедање или образложување, пишување, копирање, одбирање, или стекнување на сите нешта за доброто на црквата, и за растечките поколенија кои ќе растат во земјата Сион, да го поседува од поколение до поколение, засекогаш и секогаш. Амин.