Свети Писма
Учење и Завети 66


Поглавје 66

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Хајрим, Охајо, 29 Октомври, 1831. Вилијам Е. МекЛелин беше побарал тајно од Господ да обелодени преку Пророкот одговорот на пет прашања, кои беа непознати кај Џозеф Смит. По барањето на МекЛелин, Пророкот го прашал Господ и го примил ова откровение.

1–4, Вечниот завет е целината на евангелието; 5–8, Старешини треба да проповедаат, посведочат, и се расудува со луѓето; 9–13, Верна министерска служба осигурува наследство на вечен живот.

1 Ете, така му кажа Господ на Мојот слуга Вилијам Е. МекЛелин—Благословен си ти, колку што си се оттргнал од твоите беззаконие, и ги примил Моите вистини, кажа Господ твојот Искупител, Спасителот на светот, и тоа онолку колку што веруваат на Моето име.

2 Вистина Јас велам на тебе, благоловен си ти за тоа што го примиле Мојот вечен завет, дури и целината на Моето евангелие, испратено при човечките деца, за да можат да имаат живот и да стануваат земачи на славите кои ќе бидат откриени во последните денови, како што беше напишани од пророците и апостолите во минатото.

3 Вистина Јас ти велам на тебе, Мој слуга Вилијам, дека си чист, но не целосно, покај се, затоа, од тие нешта кои не се задоволувачки во Моја глетка, кажа Господ, зашто Господ ќе ти ги покаже на тебе.

4 И сега, вистина, Јас, Господ, ќе ти покажам тоа што сакам што те засега, или тоа што е Моја волја во врска со тебе.

5 Ете, вистина Јас ти велам, дека е Моја волја да го прогласиш Моето евангелие од земја до земја, и од град до град, да, во тие региони наоколу каде што не било објавено.

6 Не останувај многу денови во ова место; не оди горе во земјата на Сион сеуште; но онолку колку што можеш да испратиш; испрати; во спротивно, не мисли на твојот имот.

7 Оди при источните земји, и прогласи сведоштво на секое место, при секој народ во нивните синагоги, расудувајќи со народот.

8 Нека Мојот слуга Самуел Х. Смит оди со тебе, и не напушти го, и дај му ги твоите инструкции; и тој што е верен ќе станува силен на секое место; и Јас, Господ, ќе оди со тебе.

9 Положи ги твоите раце врз болните, и тие ќе заздрават. Не враќај се додека, Јас, Господ, не те испратам. Бидете трпеливи во неволја. Барај, и ќе добиеш; тропни, и ќе ти биде отворено.

10 Не барај да биде оптоварен. Напушти ја сета неправедност. Не посветувај се на прељуба—едно искушение со кое си бил вознемируван.

11 Одржувај ги овие нешта, зашто тие се вистинити и верни; и тие ќе ја воздигнат вашата служба, и ќе турнат многу луѓе во Сион со песни на вечна радост врз нивните глави.

12 Продолжи со овие нешта и тоа до крај, и ќе имаш круна на вечен живот на десната рака на Мојот Отец, кој е полн со благодат и вистина.

13 Вистина, така кажа Господ твојот Бог, твојот Искупител, дури и Исус Христос. Амин.