Свети Писма
Учење и Завети 98


Поглавје 98

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 6 Август, 1833. Ова откровение дојде како последица на прогонувањето врз Светците во Мисури. Зголеменото населување на Црковни членови во Мисури ги вознемируваше другите населеници, кои се почувствуваа под закана од бројките, политичкото и економското влијание, и културните и религиозните разлики на Светците. Во Јули 1833, една толпа го уништи имотот на Црквата, испрска и залепи со перја двајца членови на Црквата и побара од Светците да си заминат од Округот Џексон. Иако некои вести за проблемите во Мисури без сомнеж стигнаа до Пророкот во Киртланд (деветстотини милји подалеку), сериозноста на ситуацијата можеше да му биде позната на оваа дата само преку откровение.

1–3, Маките на Светците ќе бидат за нивно добро; 4–8, Светците треба да бидат пријатели со уставниот закон на земјата; 9–10, Чесни, мудри, и добри луѓе треба да бидат поддржани за светски влади; 11–15, Оние кои ги положуваат нивните животи за причината на Господ ќе имаат вечен живот 16–18, Откажете се од војна и прогласете мир; 19–22, Светците во Киртланд се прекорени и заповедани да се покајат; 23–32, Господ ги открива Неговите закони за управување на прогонувањата и маките наметнати на Неговиот народ; 33–38, Војната е оправдана само кога Господ ја заповеда; 39–48, Светците треба да им простат на нивните непријатели; кои, ако се покајат исто така ќе избегаат од одмаздата на Господ.

1 Вистина Јас ви велам на вас Мои пријатели, не плашете се, нека вашите срца бидат утешени; да, радувајте се секогаш, и за сè бидете благодарни;

2 Чекајќи го трпеливо Господ, зашто вашите молитви влезаа во ушите на Господ на Сабаот, и се запишани со овој печат и сведоштво—Господ ветува и даде декрет дека ќе бидат доделени.

3 Затоа, тој ви го дава ова ветување на вас, со непроменлив завет дека ќе бидат исполнети; и сите нешта со кои вие сте биле погодени ќе делуваат за ваше добро, и за славата на Моето име, кажа Господ.

4 И сега, вистина Јас велам во врска со законите на земјата, тоа е Моја волја дека Мојот народ треба да набљудува сите нешта какви и да им ги заповедам.

5 И тој закон на земјата која е уставна, кој го поддржува принципот на слобода во одржување на правата и привилегиите, му припаѓа на сето човештво, и е оправдан пред Мене.

6 Затоа, Јас, Господ, ве оправдувам вас и вашите браќа од Мојата црква, за спријателување со тој закон кој е уставен закон на земјата;

7 И во врска со законот на човекот, што и да е повеќе или помалку од ова доаѓа од злото.

8 Јас, Господ, ве ослободувам, затоа вие сте слободни навистина; и законот исто така ве солободува.

9 Сепак, кога пакосните владеат народот оплакува.

10 Затоа, чесните луѓе и мудрите луѓе треба да се бараат трудољубиво, и добрите луѓе и мудрите луѓе треба да ги кревате; во спторивно што е помалку од ова доаѓа од злото.

11 И Јас ви давам на вас една заповед, дека треба да ги напуштите сето зло и да се потпрете на сето добро, дека ќе живеете според секое слово кое продолжува од устата на Бог.

12 Зашто тој ќе им даде на верните ред по ред, принцип по принцип; и Јас ќе ве испитам и ќе ви докажам овде.

13 И кој и да го положи неговиот живот за Мојата цел, за оето добро, ќе го пронајде повторно, дури во вечен живот.

14 Затоа, не бидете исплашени од вашите непријатели, зашто Јас дадов декрет во Моето срце, кажа Господ, дека Јас ќе ви докажам на вас во сите нешта, каде што вие ќе се придржувате во Мојот завет, дури до смрт, за да може да бидете достојни.

15 Зашто ако вие не се придржувате во Мојот завет вие не сте вредни за Мене.

16 Затоа, отажете се од војна и прогласете мир, и барајте трудољубиво да ги завртите срцата на децата кон нивните татковци, и срцата на татковците кон децата;

17 И повторно, срцата на Евреите на пророците, и пророците на Евреите; за да не дојдам Јас и ја удрам сета земја со клетва, и сите суштества да биде обеземено пред Мене.

18 Нека вашите срца не бидат вознемирени; зашто во домот на Мојот Отец има многу мензи, и Јас подготвив место за вас; и каде што Мојот Отец и Јас сме, таму ќе бидете и вие исто.

19 Ете, Јас, Господ, не сум задоволен со многу кои се во црквата на Киртланд.

20 Зашто тие не ги забораваат нивните гревови, и нивните пакосни начини, гордоста на нивните срца, и нивното љубомора, и сите нивни презирни нешта, и не ги запазуваат зборовите на мудроста и вечен живот кои Јас сум им ги дал.

21 Вистина Јас ви велам, дека Јас, Господ, ќе ги укорам и ќе правам како што сакам, ако не се покајат и ги запазуваат сите нешта кои Јас им ги кажав.

22 И повторно Јас ви велам, ако ги запазувате да правите било што Јас ви заповедам, Јас, Господ, ќе го оттргнам целиот бес и негодување од вас, и портите на пеколот нема да преовладаат против вас.

23 Сега, Јас ви зборам во врска со вашите семејства—ако луѓето ве удираат вас, или вашите семејства, еднаш, и вие го поднесувате трпеливо и не се буните против нив, ниту барате одмазда, вие ќе бидете наградени;

24 Но ако не го поднесувате трпеливо, ќе биде препишано на вас како што е поставено како една праведна мерка за вас.

25 И повторно, ако вашиот непријател ве удира по втор пат, а вие не се буните против вашиот непријател, и го поднесувате трпеливо, вашата награда ќе биде стотина пати.

26 И повторно, ако ве удри по трет пат, а вие го поднесете трпеливо, вашата награда ќе биде удвоена четирикратно;

27 И овие три сведоштва ќе стојат против вашите непријатели ако не се покаете, и нема да бидат избришани.

28 И еве, вистина Јас ви велам ако тој непријател избега од Мојата одмазда, да не биде носен до пресуда пред Мене, тогаш ќе осигурате да го предупредувате него во Мое име, дека тој повеќе не доаѓа врз вас, ниту вашето семејство, дури децата на вашите деца на третото и четвртото поколение.

29 И тогаш, ако тој дојде при вас или вашите деца, или децата на вашите деца на третото и четвртото поколение, Јас сум го избавил вашиот непријател во ваши раце;

30 И после ако вие го поштедите, вие ќе бидете наградени заради ваша праведност; и исто твоите деца и децата на твоите деца на третото и четврото поколение.

31 Сепак, вашиот непријател е во ваши раце; и ако го наградите него според неговите дела вие сте оправдани; ако тој го барал вашиот живот, и животот ви е загрозен од него, вашиот непријател е во вашите раце и вие сте оправдани.

32 Ете, ова е законот кој Јас го дадов на Мојот слуга Нефи, и вашите татковци, Џозеф, и Јаков, и Исак, и Абраам, и сите Мои древни пророци и апостоли.

33 И повторно, ова е законот што Јас го давав на Моите древни, дека не треба да одат на борба со било која нација, колено, јазик, или народ, освен ако Јас, Господ, им заповедам.

34 И ако било која нација, јазик, или народ прогласува војна против нив, тие треба прво да кренат знаме на мир при тој народ, нација, или јазик;

35 Иако тој народ не го прифати приносот на мир, ниту вториот ниту третиот пат, тие треба да ги донесат овие сведоштва пред Господ;

36 Тогаш Јас, Господ, ќе им дадам на нив една заповед, и ги оправдам да одат да се борат против таа нација, јазик, или народ.

37 И Јас, Господ, ќе ги борам нивните борби, и борбите на нивните деца, и на децата на нивните деца, додека тие не се одмаздат самите на сите нивни непријатели, на третата и четвртото поколение.

38 Ете, ова е приме при сите народи, кажа Господ вашиот Бог, за оправдување пред Мене.

39 И повторно, вистина Јас ви велам, и откако вашиот непријател ќе дојде по вас првиот пат, тој се покае и дојде да ви се моли за прошка, вие ќе му простите, и нема повеќе да го држите како сведошвто против вашиот непријател—

40 И така натаму до вториот и третиот пат; и колку што вашиот непријател се покајува за тоа што грешел против вас, вие ќе му простите, додека седумдесеттиот пати по седум не дојде.

41 И ако тој престапи против вас и не се покае на првиот пат, сепак ќе му простите.

42 И ако тој престапи против вас за втор пат, и не се покае, сепак ќе му простите.

43 И ако тој престапи против вас за трет пат, и не се покае, исто така ќе му простите.

44 Но ако престапи против вас четвртиот пат нема да му простите, но ќе ги донесете овие сведоштва пред Господ; и нема да бидат избришани додека тој не се покае и ви награди четирикратно во сите нешта кои ги престапил против вас.

45 И ако тој го стори тоа, вие ќе му простите со сето свое срце; и ако тој не го стори ова, Јас, Господ, ќе се одмаздам за вас од вашиот непријател стотина пати;

46 И врз неговите деца и децата на неговите деца од сите тие што ме мразат, до третото и четвртото поколение.

47 Но ако децата се покајат, или децата на децата, и се завртат кон Господ нивниот Бог, со сето нивно срце и со сета нивна семоќност, ум, и сила, и повратат четирикратно за сите нивни престапи каде што грешеле, или каде што нивните татковци грешеле, или татковците на нивните татковци, тогаш нивното негодување ќе биде тргнато;

48 И одмаздата нема повеќе да дојде врз нив, кажа Господ вашиот Бог, и нивните престапи никогаш нема да бидат донесени повеќе како едно сведоштво пред Господ против нив. Амин.