Поглавје 41
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот за Црквата, во Киртланд, Охајо, 4 Февруари, 1831. Ова откорвение го упатува Пророкот и Црковните старешини да се молат да го добијат „законот“ на Бог (види поглавје 42). Џозеф Смит пред малку пристигна во Киртланд од Њујорк, и Леман Копли, еден Црковен член во блискиот Томпсон, Охајо, „бараше Џозеф Смит и Сидни Ригдон … да живеат со него и тој би им опреми куќи и залихи.“ Следново откровние појаснува каде Џозеф и Сидни треба да живеат и исто така го повика Едвард Партриџ да биде прв епископ на Црквата.
1–3, Старешината ќе ја управуват Црквата преку духот на откровение; 4–6, Вистинските ученици ќе го добијат и одржуваат Господовиот закон; 7–12, Едвард Партриџ е именувано како епископ на Црквата.
1 Чујте и послушајте, О вие Мој народе, кажа Господ и вашиот Бог, вие кои Јас се восхитувам да ве благословам со најголемиот од сите благослови, вие кои ме слушате; и вие кои не ме слушате Јас ќе ве проколнам, кои го прогласувале Моето име, со најтешките од сите клетви.
2 Послушајте, О вие старешини на Мојата Црква кои Јас сум ги повикал, ете ви дадам заповед, дека ќе се соберете заедно за да се согласите врз Моето слово;
3 И преку моќта на вашата вера вие ќе го примите Мојот закон, за да знаете како да ја управувате Мојата црква и да ги имате сите нешта правилни пред Мене.
4 И Јас ќе бидам ваш владетел кога Јас ќе дојдам; и ете; Јас доаѓам брзо, и ќе видите дека Мојот закон е одржан.
5 Тој што го добива Мојот закон и го прави, истиот е Мој ученик; и тој што вели дека го примил а не го прави тоа, истиот не е Мој ученик, и ќе биде, отфрлен од помеѓу вас;
6 Зашто не е згодно нештата кои им припаѓаат на децата на царството да им бидат дадени на тие што не се вредни, или на кучињата, или бисерите да бидат фрлени пред свињата.
7 И поврторно, згодно е дека Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., треба да има една куќа изградена, во која ќе живее и преведува.
8 И повторно, згодно е дека Мојот слуга Сидни Ригдон треба да живее како што му се чини добро, доколку ги одржува Моите заповеди.
9 И повторно, Јас го повикав Мојот слуга Едвард Партриџ; и давам заповед дека тој ќе биде назначен според гласот на црквата и одреден како еден епископ при црквата, да ја остави трговијата и го потроши сето негово време во трудовите на црквата;
10 Да внимава на сите нешта како што ќе му биде назначен со Моите закони во денот кога Јас ќе им ги дадам.
11 И ова бидејќи неговото срце е чисто пред Мене, зашто тој е како Натанаил од минатото, во кој нема лукавост.
12 Овие зборови ви се дадени, и тие се чисти пред Мене; затоа, пазете се како ги одржувате, зашто ќе бидат одговорени врз вашите души во денот на судот. Дури и така. Амин.