Поглавје 117
Откровение дадено преку Пророкот Џозеф Смит, на Далечниот Запад, Мисури, 8 Јули, 1838, во врска со непосредните должности на Вилијам Маркс, Невел К. Витни, и Оливер Гренџер.
1—9, Господовите слуги не треба да посакуваат привремени нешта, зашто „што е имотот при Господ?“; 10–16, Тие ќе напуштат ништожноста на душата, и нивните жртви ќе бидат свети при Господ.
1 Вистина така му вели Господ на Мојот слуга Вилијам Маркс, и исто на Мојот слуга Невел К. Витни, нека ја средат нивната работа брзо и патуваат во земјата Киртланд, пред Јас, Господ, да испратам повторно снегот врз земјата.
2 Нека се разбудат, и нека станат, и дојдат напред, и нека не останат, зашто Јас Господ, го заповедам тоа.
3 Затоа, ако останат нема да биде добро со нив.
4 Нека се покајат за сите нивни гревови, и сите нивни желни посакувања, пред Мене, кажа Господ; зашто што е имотот при Мене? кажа Господ.
5 Нека имотите на Киртланд бидат изклучени за долгови, кажа Господ. Нека си одат, кажа Господ, и кој и да остане, нека остане во вашите раце, кажа Господ.
6 Зашто нели Јас ги поседувам птици на небото, и исто риби на земјата, и ѕверовите на планините? Нели ја создадов земјата? Нели ги држам судбините на сите војски на нациите на земјата?
7 Зашто, нели ќе направам осамени места да се цвета, и да создаде изобилство? кажа Господ.
8 Нели има доволно простор на планините за Адам-онди-Ахман, и на рамнините на Олаха Шинеха, односно земјата каде што Адам живееше, да го посакувате тоа што е само капка, и ги запоставуваш поважните нешта?
9 Затоа, дојдете овде при земјата на Мојот народ, дури Сион.
10 Нека Мојот слуга Вилијам Маркс биде верен за неколку нешта, и тој ќе биде владетел врз многу. Нека претседава на среде Мојот народ во градот на Далечен Запад, и нека биде благословен со благословите на Мојот народ.
11 Нека Мојот слуга Невел К. Витни биде засрамен од групата Николатин и од сите нивни тајни одвратности, и од сета негова ништожност на душа пред Мене, кажа Господ, и дојде во земјата на Адам-онди-Ахман, и биде епископ за Мојот народ, кажа Господ, не само во име, туку во дело, кажа Господ.
12 И повторно, Јас ви велам, Јас се сеќавам на Мојот слуга Оливер Гранџер; ете, вистина Јас му велам на него дека неговото име ќе биде во свето сеќавање од поколение до поколение, секогаш и засекогаш, кажа Господ.
13 Затоа, нека тој се бори чесно за искупување на Првото Претседателство на Мојата Црква, кажа Господ; и кога тој ќе падне тој ќе стане повторно, зашто неговата жртва ќе биде посвета при Мене отколку неговата добивка, кажа Господ.
14 Затоа, нека дојде брзо при земјата на Сион; и во скоро време тој ќе биде трговец на Моето име, кажа Господ, за користа на Мојот народ.
15 Затоа нека ниту еден човек го презира Мојот слуга Оливер Гренџер, туку нека сите благослови на Мојот народ бидат врз него секогаш и засекогаш.
16 И повторно, вистина Јас ви велам, нека сите Мои слуги во земјата на Киртланд го запомнат Господ нивниот Бог, и исто така Мојот дом, и го одржуваат и чуват свето, и ги отфрлат менувачите на пари во Мое сопствено време, кажа Господ. Дури и така. Амин.