Свети Писма
Учење и Завети 92


Поглавје 92

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 15 Март, 1833. Откровението го упатува Фредерик Г. Вилијамс, кој неодамна беше назначен за советник на Џозеф Смит, на неговите должности во Обединетата Фирма (видете насловите на поглавја 78 и 82).

1–2, Господ дава една заповед поврзана со прием на обединетиот ред.

1 Вистина, така кажа Господ, Јас му давам на обединетиот ред, организиран согласно на заповедта претходно дадена, едно откровение и заповед во врска со Мојот слуга Фредерик Г. Вилијамс, дека вие треба да го примите во редот. Тоа што го велам на еден го велам на сите.

2 И повторно, Јас ти велам на тебе Мој слуга Фредерик Г. Вилијамс, ти ќе бидеш активен член на овој ред; и доколку си верен во одржување на сите поранешни заповеди ќе бидеш благословен засекогаш. Амин.