Свети Писма
Учење и Завети 34


Поглавје 34

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Орсон Прат, кај Фајет, Њујорк, 4 Ноември, 1830. Брат Прат имаше деветнаесет години во тоа време. Тој беше преобратен и крстен кога прв пат тој проповедаше за обновеното евангелие од неговиот постар брат, Парли П. Прат, шест недели претходно. Ова откровение беше примено во домот на Петар Витмер Сен.

1–4, Верните стануваат синови на Бог преку Помирувањето; 5–9, Проповедањето на евангелието подготвува начин за Второто Доаѓање; 10–12, Пророштвото доаѓа преку моќта на Светиот Дух.

1 Мојот син Орсон, чуј и слушај и гледај го тоа што Јас, Господ Бог, ќе ти го кажам, дури и како Исус Христос твојот Искупител;

2 Светлината и животот на светот, светлина што свети во темнината и темнината не ја разбира;

3 Кој толку го љуби светот што тој го даде неговиот сопствен живот, за да моќат сите кои ќе поверуваат да станат синови Божји. Затоа ти си Мојот син;

4 И благословен си ти затоа што веруваше.

5 И поблагословен си ти зашто си повикан од Мене да го проповедаш Моето евангелие—

6 Да го кренеш твојот глас како со звук на труба, и долго и гласно, и да довикуваш покајание на изопачено и перверзно поколение, подготвувајќи го патот на Господ за Неговото второ доаѓање.

7 Зашто ете, вистина, вистина, Јас ти велам, времето се ближи кога Јас ќе дојдам во еден облак со моќ и голема слава.

8 И тоа ќе биде еден голем ден на времето на Мое доаѓање, зашто сите нации ќе треперат.

9 Но пред овој голем ден да дојде, сонцето ќе биде затемнето, и месечината ќе биде претворена во крв, и ѕвездите ќе одбијат да светат, и неколку ќе паднат, и големи уништувања ги чекаат пакосните.

10 Затоа, крени го гласот и не го поштедувај зашто, Господ Бог зборуваше; затоа пророкувај, и ќе ти биде дадено преку моќта на Светиот Дух.

11 И ако си верен, ете, Јас сум со тебе додека не дојдам—

12 И вистина, вистина, Јас ти велам, дека Јас доаѓам брзо. Јас сум твојот Господ и твојот Искупител. Дури и така. Амин.