Поглавје 125
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот во Наву, Илиноис, Март 1841, во врска со Светците на територијата во Ајова.
1–4, Светците треба да изградат градови и да се соберат во коловите на Сион.
1 Што е волјата на Господ во врска со светците на територијата на Ајова?
2 Вистина, така кажа Господ, Јас ви велам, ако оние кои се повикуваат себеси со Моето име и се обидуваат да бидат Мои светци, ако тие ќе ја прават Мојата волја и ги одржуваат Моите заповеди во врска со нив, нека се соберат себеси заедно при местата кои Јас ќе им ги назначам преку Мојот слуга Џозеф, и изградат градови при Моето име, за да бидат подготвени за тоа што е испланирано за времето што следи.
3 Нека изградат еден град при Мое име во земјата спротивно на градот Наву, и нека името на Зарахемла биде именувано како нејзино.
4 И нека сите оние кои доаѓаат од исток, и од запад, и север, и југ, кои имаат желби да живеат таму, нека ги земат нивното наследство во истото, а исто и во градот Нешвил, или во градот Наву, и во сите колови кои Јас сум ги назначил, кажа Господ.