Свети Писма
Учење и Завети 44


Поглавје 44

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот и Сидни Ригдон, во Киртланд, Охајо, во подоцнежниот дел на Февруари 1831. Во согласност со барањето овде поставено, Црквата назначува една конференција да биде одржувана во месецот на следниот Јуни.

1–3, Старешините треба да се соберат на конференцијата; 4–6, Тие треба да се организираат според законите на земјата и да се грижат за сиромашните.

1 Ете, така кажа Господ на вас Моите слуги, целисходно во Мене е старешините на Мојата црква да бидат повикани заедно, од истокот и западот, и од северот и од југот, преку писмо или некој друг начин.

2 И ќе се случи, дека онолку колку што се верни, и практикуваат вера во Мене, Јас ќе го излеам Мојот Дух врз нив на денот кога ќе се соберат заедно.

3 И ќе се случи да одат напред во областите наоколу, и проповедаат покајание при народот.

4 И многумина ќе бидат преобратени, толку многу што ќе стекнат моќ да се организират себеси според законите на човекот;

5 За вашите непријатели да немат моќ врз вас; да бидете сочувани во сите нешта; да ви биде овозможено да ги одржувате Моите закони; за секоја врска да може да биде скината со која непријателот бара да го уништи Мојот народ.

6 Ете, Јас ви велам, дека мора да ги посетите сиромашните и загрозените и да им послужувате за нивно олеснување, за да бидат зачувано додека сите нешта не се направени според Мојот закон кој вие сте го добиле. Амин.