Свети Писма
Учење и Завети 7


Поглавје 7

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот и Оливер Каудери, во Хармони, Пенсилванија, Април 1829, кога тие прашаа преку Уримот и Тумимот за тоа дали Јован, возљубениот ученик, живеел во телото или беше умрел. Откровението е преведена верзија од записот направен на пергамент од Јован и скриен од Него самиот.

1–3, Јован Возљубениот ќе живее додека Господ не дојде; 4–8, Петар, Јаков, и Јован ги држат клучевите на евангелието.

1 И Господ ми кажа на Мене: Јован, Мој возљубен, што посакуваш ти? Затоа, ако го побараш тоа што го сакаш, ќе ти биде доделено на тебе.

2 И јас му реков: Господе, дај ми на Мене моќ врз смртта, за јас да можам да живеам и да ти донесам души кај тебе.

3 И Господ ми кажа на Мене: Вистина, вистина, Јас ти велам не тебе, бидејќи ти го посакуваш ова ќе живееш додека не дојдам во Мојата слава, и ќе пророкуваш пред нации, колена, јазици, и луѓе.

4 И за оваа цел Господ му кажа на Петар: Ако Јас дозволам тој да живее додека Јас не дојдам, што ти значи тоа на тебе? Зашто тој посакува од Мене да може да носи души кај Мене, но ти посакуваш да можеш брзо да дојдеш кај Мене во Моето царство.

5 Јас ти велам на тебе, Петар, ова беше добра желба; но Мојот возљубен посакуваше да може да направи повеќе, односно поголемо дело помеѓу луѓето од тоа што го направил порано.

6 Да, тој се нафатил на поголемо дело; затоа ќе го направам како распламен оган и служечки ангел; тој ќе служи за тие кои ќе бидат наследници на спасение кои живеат на земјата.

7 И јас ќе те направам тебе да служиш за него и за твојот брат Јаков; и при вас тројца ќе ви ја дадам оваа моќ и клучевите од ова служење додека не дојдам.

8 Вистина ви велам на вас, и двајцата ќе имате според вашите желби, зашто вие двајца се радувате во тоа што сте го посакувале.