Свети Писма
Учење и Завети 70


Поглавје 70

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Хајрим, Охајо, 12 Ноември, 1831. Историјата на Пророкот објавува дека четири специјални конференции беа одржани од 1ви до 12ти Ноември, внатрешни. На последните од овие собири, големата важност на откровенијата кои подоцна би биле објавени како Book of Commandments („Книгата на Заповеди“) и потоа Учење и Завети беше земена во предвид. Откровението беше дадено после конференцјата која гласаше дека откровенијата беа „вредни за Црквата богатства на целата Земја.“ Историјата на Џозеф Смит посочува на откровенијата како „основата на Црквата во овие последни денови, и во корист на светот, покажувајќи дека клучевите на мистериите на царството на Нашиот Спасител му се повторно доставени на човекот.“

1–5, Управувачите се назначени да објавуваат откровенија; 6–13, Оние кои работат при духовни нешта се достојни за нивна плата; 14–18, Светците треба да се еднакви на привремени нешта.

1 Ете, и послушајте, О вие жители на Сион, и сите вие луѓе на Мојата црква кои се далеку од тука, и слушнете го словото на Господ кое го давам на Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., и исто на Мојот слуга Мартин Харис, и на Мојот слуга Оливер Каудери, и на Мојот слуга Џон Витмер, и исто на Мојот слуга Сидни Ригдон, и исто а Мојот слуга Вилијам В. Фелпс, во начин на заповед при нив.

2 Зашто Јас им давам на нив една заповед; затоа чујте и почујте, зашто така кажа им Господ на нив—

3 Јас, Господ, ги назначив нив, и ги одредив да бидат управувачи врз откровенијата и заповедите кои Јас сум им ги дал, и кои Јас ќе им ги давам оттука;

4 И еден извештај на ова управување ќе побарам од нив на денот на судот.

5 Затоа, Јас ги назначив нив, и ова е нивната работа во црквата на Бог, да ги управуваат и нив и грижите тамошни, да, за тамошната корист.

6 Затоа, една заповед Јас им давам на нив, дека тие нема да ги дадат овие нешта при црквата, ниту при светот;

7 Сепак, доколку примаат повеќе отколку што е потребно за нивните неопходности и нивните желби, тоа ќе му биде дадено на Моето складиште;

8 И користа ќе биде посветена при жителите на Сион, и при нивните поколение, доколку тие станат налследнци според законот на Царството.

9 Ете, ова е тоа што Господ го бара од секој човек во Негова управување, дури и како што Јас, Господ, сум назначил или ќе назначам од сега при секој човек.

10 И ете, ниту еден не е исклучок од овој закон кој припаѓа на црквата на живиот Бог;

11 Да, ниту епископот, ниту пратеникот кој го чува складиштето на Господ, ниту тој што е назначен во управување на привремени нешта.

12 Тој што е назначен да послужува духовни нешта, истиот е достоен за неговата плата, и тоа како тие што се назначени како управители да послужуваат во привремени нешта;

13 Да, дури и пообилно, чија обилност е помножена при нив со изразување на Духот.

14 Сепак, во вашите привремени нешта ќе бидете еднакви, и ова не е со инат, во спротивно обилноста на изразувањата на Духот ќе биде задржана.

15 Еве, оваа заповед Јас им давам на Моите слуги за нивна корист додека тие остануваат, за едно изразување на Моите благослови врз нивните глави, и за награда за нивната трудољубивост и нивната безбедност;

16 За храна и за облека; за наследство; за куќи и за земји, во било кои околности кои Јас, Господ, ќе ги наместам, и каде што сакам Јас, Господ, да ги испратам.

17 Зашто тие биле верни врз многу нешта, и направиле добро доколку не грешеле.

18 Ете, Јас, Господ, сум милостив и ќе ги благословам, и ќе влезат во радост на овие нешта. Дури и така. Амин.