Свети Писма
Учење и Завети 43


Поглавје 43

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, кај Киртланд, Охајо, во Февруари 1831. Во ова време некои членови на Црквата беа вознемирувани од луѓе кои лажно тврдеа дека се откровители. Пророкот го прашал Господ и ја добил оваа порака наменето за старешините на Црквата. Првиот дел се справува со работи за Црковната влада; вториот дел содржи предупредување кое старешините треба да го дадат на нациите на земјата.

1–7, Отковенија и заповеди доаѓаат само преку единствениот назначен; 8–14, Светците се осветени од дејствувањето со сета светост пред Господ; 15–22, Старешините се испратени да довикуваат покајание и да ги подготват луѓето за големиот ден на Господ; 23–28, Господ ги повикува луѓето со Неговиот сопствен глас и преку силите на природата; 29–35, Милениумот и врзувањето на Сатаната ќе дојде.

1 О чујте, вие стрешини на Мојата Црква, и слушнете ги зборовите кои ќе ви ги говорам.

2 Зашто ете, вистина, вистина, Јас ви велам на вас, дека сте добиле заповед за еден закон при Мојата црква, преку него кого го назначив при вас да го добие заповедите и откровенијата од Мојата рака.

3 И ова ќе го знаете сигурно—дека нема никој друг назначен при вас да ги добие заповедите и откровенијата додека тој не е земен, ако тој се придржува во Мене.

4 Но вистина, вистина, Јас ви велам на вас дека никој друг нема да биде назначен при овој дар освен ако е преку него; зашто ако е одземен од него тој нема да има моќ освен да назначи друг на негово место.

5 И ова ќе биде закон на вас, да не ги примате учењата на било кој ќе дојде пред вас како откровенија или заповеди;

6 И ова ви го давам на вас за да не бидете измамени, за да знаете дека не се од Мене.

7 Зашто вистина, Јас ви велам на вас, дека тој што е одреден од Мене ќе влезе преку портата и ќе биде одреден како што ви кажав претходно, да ги поучува тие откровенија кои сте ги примиле и ќе ги примите преку него кого Јас го назначив.

8 И сега, ете, Јас ви давам заповед, дека кога се соберете заедно вие ќе се поучите и упатите едни со други, за да знаете како да делувате и ја упатувате Мојата црква, како да делувате врз точките на Мојот закон и заповеди, кои Јас сум ги дал.

9 И така ќе станете упатени во законот на Мојата црква, и ќе бидете осветени од тоа што сте го примиле, и ќе се врзете самите да дејствувате со сета светост пред Мене—

10 Дека доколку го правите ова, слава ќе биде додадена на царството кое сте го добиле. Додека не го правите тоа, ќе биде одземена, дури и таа што сте ја добиле.

11 Исчистете го безаконието кое е помеѓу вас; осветете се пред Мене;

12 И ако ги посакувате славите на царството, назначете го Мојот слуга Џозеф Смит, Јун., и подржете го него пред Мене со молитва на вера.

13 И повторно, Јас ви велам, дека ако ги посакувате мистериите на царството, обезбедете за него храна и облека, и што и да му треба за да го исполни делото кое Јас сум го заповедал;

14 И ако не го сторите тоа тогаш тој ќе остане помеѓу тие кои го примиле, за да можам да чувам за себе еден чист народ при Мене.

15 Повторно Јас велам, послушајте вие старешини на Мојата црква, кого Јас сум ги назначила: Вие не сте испратени да бидете поучени, но да ги поучувате човечките деца за нештата кои Јас сум ги ставил во вашите раце преку моќта на Мојот Дух;

16 И вие ќе бидете поучени од високо. Осветете се самите и ќе бидете дарувани со моќ, за да можете да давате како што и Јас велев.

17 Послушајте вие, зашто, ете, големиот ден на Господ се ближи.

18 Зашто доаѓа денот кога Господ ќе ги изговори Неговиот глас од небесата; небесата ќе се тресе и земјата ќе трепери, и трубата на Бог ќе одекне и долго и гласно, и ќе им каже на нациите кои спијат: Вие светци станете и живејте; вие грешници останете и спијте се додека Јас не се јавам повторно.

19 Затоа опашајте ги вашите бедра за да не се најдете помеѓу пакосните.

20 Кренете ги вашите гласови и не воздржувајте се. Повикајте ги нациите да се покајат, и стари и млади, и врзани и слободни, велејќи: Подгответе се себеси за големиот ден на Господ.

21 Зашто ако јас, кој сум човек, го кренам Мојот глас и ве повикам да се покаете, а вие ме мразите, што ќе кажете кога денот ќе дојде кога громовите ќе им ги изговараат нивните гласови на краиштата на светот, зборувајќи им на ушите на сè што живее, велејќи—Покајте се, и подгответе се за големиот ден на Господ?

22 Да, и повторно, кога молњата ќе светне од исток кон запад, и ќе им ги изговорат нивните гласови на сè што живее, и ќе ги направи уши на сите да трнат што слушаат, велејќи ги овие зборови—Покајте се вие, зашто големиот ден на Господ е дојден?

23 И повторно, Господ ќе го изговори неговиот глас од небесата, велејќи: Послушајте, О вие нации на земјата, и слушнете ги зборовите на Тој Бог кој ве создаде.

24 О, вие нации на земјата, колку често би ве собрал заедно како една кокошка што ги собира нејзините пилиња под нејзините крилја, а вие не сакавте!

25 Колку често Јас сум ве повикувал врз вас преку устата на Моите слуги, и преку послужување на ангели, и преку Мојот сопствен глас, и преку гласот на громовите, и преку гласот на молњите, и преку гласот на невремињата, и преку гласот на земјотресите, и големите бури од град, и преку гласот на гладот и чуми од секаков вид, и преку големиот звук од труба, и преку гласот на пресудата, и преку гласот на милоста цел ден, и преку гласот на слава и чест и богатствата на вечниот живот, и би ве спасил со вечно спасение, авие не го сакавте!

26 Ете, дојде денот, кога чашата на бесот на Мое негодување е полна.

27 Ете, Јас ви велам, дека овие се зборовите на Господ вашиот Бог.

28 Затоа, работете вие, работете вие во Моето лозје за последен пат—за последен пат повикајте ги жителите на земјата.

29 Зашто во Мое соодветно време Јас ќе дојдам врз земјата во пресуда, и Мојот народ ќе биде искупен и ќе владее со Мене на земјата.

30 Зашто големиот Милениум, за кој сум зборел од устата на Моите слуги, ќе дојде.

31 Зашто Сатаната ќе биде врзан, и кога ќе биде ослободен повторно тој само ќе владее една кратка сезона, и тогаш доаѓа крајот на земјата.

32 И тој што живее во праведност ќе биде променето со трепкање на окото, и земјата ќе помине како со оган.

33 И пакосните ќе си одат во неизгаслив оган, и нивниот крај ниту еден човек не го знае на земјата, ниту ќе го знае, додека да не дојдат пред Мене во пресуда.

34 Послушајте ги вие овие зборови. Ете, Јас сум Исус Христос, Спасителот на светот. Вреднувајте ги овие нешта во вашите срца, и дозволите свеченостите на вечноста да почиваат врз вашите умови.

35 Бидете трезни. Одржувајте ги сите Мои заповеди. Дури и така. Амин.