Свети Писма
Учење и Завети 53


Поглавје 53

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Алгернон Сидни Гилберт, во Киртланд, Охајо, 8 Јуни, 1831. По барањето на Сидни Гилберт, Пророкот го праша Господ за работата и закажувањето на Брат Гилберт во Црквата.

1–3, Повикот на Сидни Гилберт и одборањето во Црквата е да се биде ракоположен за старешина; 4–7, Тој исто ќе служи како пратеник на епископот.

1 Ете, Јас ти велам, Мојот слуга Сидни Гилберт, дека им ги слушнал твоите молитви; и си ме повикал дека ќе ти биде обелоденето, од Господ твојот Бог, во врска со твојот повик и одбирање во црквата, која Јас, Господ, сум ја кренал во овие последни денови.

2 Ете, Јас, Господ, кој беше распнат за гревовите на светот, ти давам заповед дека ти ќе го напуштиш светот.

3 Преземи го врз тебе Моето ракоположување, и тоа на еден старешина, да проповедаш вера и покајание и опростување од гревови, според Моето слово, и приемот на Светиот Дух преку положување на раце;

4 И исто да се биде еден пратеник при црквата во местото кое ќе биде назначено преку епископот, според заповедите кои ќе бидат дадени оттука натаму.

5 И повторно, вистина Јас ти велам на тебе, дека ќе патуваш со Моите слуги Џозеф Смит, Јун., и Сидни Ригдон.

6 Ете, овие се првите обреди што ќе ги добиеш; и остатокот ќе биде познат во време што следи, според твојот труд во Моето лозје.

7 И повторно, Јас би сакал да научиш дека само тој е спасен кој издржува до крајот. Дури и така. Амин.