Свети Писма
Учење и Завети 6


Поглавје 6

Откровение дадено од Џозеф Смит Пророкот и Оливер Каудери, кај Хармони, Пенсилванија, Април 1829. Оливер Каудери ги започна неговите дела како писар во преведувањето на Книгата на Мормон, 7 Април, 1829. Тој веќе беше примил еден божествен приказ за вистината на сведоштвото на Пророкот во врска со плочите на кои беше врежан записот на Книгата на Мормон. Пророкот го праша Господ преку Уримот и Тумимот и го доби овој одговор.

1–6, Работниците во полето на Господ добиват спасение; 7–13, Не постои поголем дар од дарот на спасение; 14–27, Сведоштво за вистината доаѓа по моќта на Духот; 28–37, Гледајте кон Христос, и правете добро постојано.

1 Едно големо и чудесно дело наскоро ќе се појави помеѓу човечките деца.

2 Ете, Јас сум Бог; слушнете го Моето слово, кое е брзо и моќно, поостро од меч со две острици, до распукување на две и на зглобовите и на сржта; затоа послушајте ги Моите зборови.

3 Ете, полето е бело, спремно за жетва; затоа, кој што посакува да жнее, нека го забие неговиот срп со неговата моќ, и нека жнее додека денот трае, за да може да одржува за неговата душа вечно спасение во царството на Бог.

4 Да, кој и да го забие неговиот срп и жнее, истиот е повикан од Бог.

5 Затоа, ако ќе прашате од Мене ќе добиете; ако ќе тропнете ќе ви биде отворено.

6 Еве, како што побаравте, ете, јас ви велам, одржувајте ги Моите заповеди, и барајте да ја изведете и воспоставите целта на Сион;

7 Не барајте богатства туку мудрост, и ете, мистериите на Бог ќе ви бидат откриени на вас, и тогаш ќе станете богати. Ете, тој што има вечен живот е богат.

8 Вистина, вистина, Јас ви велам, дури и како што вие сакате од Мене така ќе ви биде; и ако посакувате, вие ќе бидете средство за многу добрина во ова поколение.

9 Не велете му ништо освен покајание на ова поколение; одржувајте ги Моите заповеди, и помагајте да го изведете Моето дело, според Моите заповеди, и вие ќе бидете благословени.

10 Ете вие имате дар, и благословени сте вие поради вашиот дар. Запомнете тоа е свето и доаѓа од горе—

11 И ако ќе прашаш, ти ќе знаеш за мистериите кои се големи и чудесни; затоа ќе го практикуваш твојот дар, за да можеш да ги откриеш мистериите, за да можеш да доведеш многу до знаење за вистината, да, да ги убедиш за неисправноста на нивен начин.

12 Не обелоденувај го твојот дар на било кого освен оние кои се од твојата вера. Не поигрувај си со светите нешта.

13 Ако правиш добро, да, и се воздржиш верно до крајот, ќе бидеш спасен во царството на Бог, што е најголем од сите дарови на Бог; зашто не постои дар поголем од дарот на спасение.

14 Вистина, вистина, Јас ти велам, благословен си ти за тоа што го стори; зашто ти си прашал од Мене, и ете, онолку често колку што си прашал ти си добил упатства од Мојот Дух. Да не беше тоа така, ти не би дошол до местото каде што си во ова време.

15 Ете, ти знаеш дека си ме прашал Мене и Јас го просветлив твојот ум; и сега ти ги говорам овие нешта за да можеш да знаеш дека си бил просветлен од Духот на вистината;

16 Да, Јас ти велам, дека можеш да знаеш дека не постои ниту еден друг освен Бог кој ги знае твоите мисли и намерите на твоето срце.

17 Јас ти ги говорам овие нешта како сведоштво на тебе—дека зборовите односно делото кој ти го пишуваш е вистинит.

18 Затоа биди трудољубив; стои покрај Мојот слуга Џозеф, верно, во било какви тешки околности во кои тој може да биде за доброто на словото.

19 Предупреди го него во неговите грешки, и исто така прими предупредување од него. Биди трпелив; биди трезен; биди воздржан; имај трпение, вера, надеж и милосрдие.

20 Ете, ти си Оливер, и Јас ти говорев на тебе поради твоите желби; затоа цени ги овие зборови во твоето срце. Биди верен и трудољубив во одржување на заповедите на Бог, и Јас ќе те опкружам во рацете на Мојата љубов.

21 Ете, Јас сум Исус Христос, Синот на Бог. Јас сум истиот што дојде кај Мојот сопствен, а Мојот сопствен не ме прими. Јас сум светлината која сјае во темнината, а темнината не ја разбира.

22 Вистина, вистина, Јас ти велам, ако посакуваш понатамошно сведоштво, фрли го твојот ум врз таа ноќ во која си плачел при Мене во срце, за да можеш да знаеш во врска со вистината за овие нешта.

23 Зарем Јас не ти дадов мир во твојот ум во врска со работата? Кое поголемо сведоштво може да го имате отколку од Бог?

24 И сега, ете, ти си добил сведоштво; зашто ако сум ти рекол нешта за кои ниеден човек не знае зарем не си добил сведоштво?

25 И ете, Јас ти доделувам еден дар, ако посакуваш од Мене, да преведуваш, и тоа како Мојот слуга Џозеф.

26 Вистина, вистинам Јас ти велам, дека постојат записи кои содржат многу од Моето евангелие, кои биле задржани поради пакоста на Мојот народ;

27 И еве Јас ти заповедам, дека ако имаш добри желби—желба да положуваш богатства за себе на небесата—тогаш ќе помогнеш да се изнесат на површина, со твојот дар, тие делови од Моите свети писма кои биле скриени поради беззаконие.

28 И сега, ете, Јас ти давам тебе, и исто така на Мојот слуга Џозеф, клучевите на овој дар, што ќе го изнесе на виделина ова служење; и преку устата на два или три сведоци секој збор ќе биде воспоставен.

29 Вистина, вистина, Јас ти велам, ако ги одбиваат Моите зборови, и овој дел на Моето евангелие и служење, благословен си, зашто тие не можат повеќе на тебе да ти направат отколку на Мене.

30 И дури и ако ти прават на тебе како што направиле на Мене, благословен си ти, зашто ќе живееш со Мене во слава.

31 Но ако тие не ги одбиваат Моите зборови, кои ќе бидат воспоставени од сведоштво кое ќе биде дадено, благословени се тие, и тогаш ќе имаш радост во плодот на твоите трудови.

32 Вистина, вистина, Јас ти велам, како што им кажав на Моите ученици, каде што два или три се собрани заедно во Мое име, во врска со едно нешто, ете, тогаш Јас ќе бидам на среде нив—и така Јас сум на среде вас.

33 Не плашете се да правите добро, Моите синови, бидејќи било што и да сеете, тоа исто ќе го жнеете; затоа, ако сеете добро исто така ќе жнеете добро за ваша награда.

34 Затоа, не плашете се, мало стадо; правете добро; нека се здружат земјата и пеколот против вас, зашто ако сте изградени врз Мојата карпа, тие не можат да преовладаат.

35 Ете, Јас не ве осудувам; одете по вашите патишта и не грешете повеќе; изведувајте го со трезвеност делото кое јас ви го заповедав.

36 Гледајте при Мене на секоја мисла; не сомневајте се, не плашете се.

37 Ете ги раните кои ги прободеа Моите ребра, и исто така лузните од клинците на Моите раце и стапала; бидете верни, одржувајте ги Моите заповеди, и вие ќе го наследите царството на небесата. Амин.