Свети Писма
Учење и Завети 47


Поглавје 47

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Киртланд, Охајо, 8 Март, 1831. Џон Витмер, кој веќе служеше како поштар на Пророкот, иницијално се двоумеше кога беше прашан да служи како Црковен историчар и летописец, заменувајќи го Оливер Каудери. Тој напиша, „Јас попрво не би го правел тоа ама видов дека волјата на Господ ќе биде сторена, и ако Тој го посакува, јас посакувам тој да го прикаже тоа преку Џозеф Јасновидецот.“ Откако Џозеф Смит го прими ова откровение, Џон Витмер го прифати и служеше во неговата назначена служба.

1–4, Џон Витмер е одреден да го одржува историјата на Црквата и да пишува за Пророкот.

1 Ете, тоа е целисходно во Мене дека Мојот слуга Џон треба да пишува и да одржува една постојана историја, и да ти помогне, Мојот слуга Џозеф, во препишување на сите нешта кои ќе ти бидат дадени на тебе, додека не е повикан на други должности.

2 Повторно, вистина Јас ти велам дека исто тој може да го крене гласот на средбите, кога и да е целисходно.

3 И повтроно, Јас ти велам дека ќе биде назначено при него да ги одржува црковниот запис и историја постојано; зашто Оливер Каудери Јас го назначив за друга служба.

4 Затоа, ќе му биде дадено на него, онолку колку што тој е верен, преку Утешителот, да ги пишува овие нешта. Дури и така. Амин.