Свети Писма
Учење и Завети 11


Поглавје 11

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до неговиот брат, Хајрим Смит, кај Хармони, Пенсилванија, Мај 1829. Откровението беше примено преку Урим и Тумим како одговор на молбата и прашањето на Џозеф. Историјата на Џозеф Смит предложува дека ова откровение беше добиено после обновувањето на Ароновото Свештенство.

1–6, Работниците во лозјето ќе добијат спасение; 7–14, Барајте мудрост, довикувајте покајание, верувајте во Духот; 15–22, Одржувајте ги заповедите, и проучувајте го словото на Господ; 23–27, Не негирајте го Духот на откровение и на пророштво; 28–30, Тие што го примаат Христос стануваат синови на Бог.

1 Едно големо и чудесно дело наскоро ќе се појави помеѓу човечките деца.

2 Ете, Јас сум Бог; послушај го Моето слово, кое е брзо и моќно, поостро отколку еден меч со две острици, до распукувањето и на зглобови и на срж; затоа послушај го Моето слово.

3 Ете, полето е бело спремно за жетва; затоа, кој и да посакува да жнее нека го забие неговиот срп со неговата моќ, и нека жнее додека трае денот, за да може да одржи за неговата душа вечно спасение во царството на Бог.

4 Да, кој и да го забие неговиот срп и жнее, истиот е повикан од Бог.

5 Затоа, ако ќе бараш од Мене ќе добиеш; ако тропнеш ќе ти биде отворено.

6 Еве, како што побара, ете, Јас ти велам, одржувај ги Моите заповеди, и барај да ја оствариш и воспоставиш целта на Сион;

7 Не барај богатства туку мудрост, и ете, мистериите на Бог ќе ти бидат откриени на тебе, и тогаш ќе станеш богат. Ете, тој што има вечен живот е богат.

8 Вистина, вистина, Јас ти велам, дури и како што сакаш од Мене така ќе ти се случи; а ако посакуваш, ќе бидеш средство за многу добрина во ова поколение.

9 Не прогласуваш ништо освен покајание при ова поколение. Одржувај ги Моите заповеди, и помогни да го доведеш Моето дело, според Моите заповеди, и ќе бидеш благословен.

10 Ете, ти имаш дар, или ќе имаш дар ако посакаш од Мене со вера со едно чесно срце, верувајќи во моќта на Исус Христос, или во Мојата моќ која ти говори на тебе;

11 Зашто, ете, Јас сум Тој што зборува; ете, Јас сум светлината која сјае во темнината, и преку Мојата моќ Јас ти ги давам овие зборови на тебе.

12 И сега, вистина, вистина, Јас ти велам, стави ја твојата доверба во тој Дух кој те води да правиш добро—да, да правиш праведно, да чекориш понизно, да судиш праведно; и ова е Мојот Дух.

13 Вистина, вистина, Јас ти велам, Јас ќе ти дадам од Мојот Дух, кој ќе го просветли твојот ум, кој ќе ја исполни твојата душа со радост;

14 И тогаш ќе ги знаеш, односно преку ова ќе ги знаеш, сите нешта што ги посакуваш од Мене, кои се однесуваат на нештата на праведност, со вера верувајќи во Мене дека ќе добиеш.

15 Ете, Јас ти заповедам да не претпоставуваш дека си повикан да проповедаш додека не си повикан.

16 Почекај малку подолго, додека не го имаш Моето слово, Мојата карпа, Мојата црква, и Моето евангелие, за да го знаеш со сигурност за Моето учење.

17 И потоа, ете, според твоите желби, да, дури и според твојата вера ќе ти биде сторено.

18 Одржувај ги Моите заповеди; задржи го мирот; побарај од Мојот Дух;

19 Да, наслони се на Мене со сето ваше срце, за да можеш да помагаш во донесување до виделина сите нешта за кои сме говореле—да, преводот на Моето дело; биди трпелив додека не го исполниш.

20 Ете, ова е твоето дело да ги одржуваш Моите заповеди, да, со сета твоја моќ, ум и сила.

21 Не барај да го објавиш Моето слово, туку прво барај да го стекнеш Моето слово, и тогаш твојот јазик ќе биде слободен; тогаш, ако посакуваш, ќе го имаш Мојот Дух и Моето слово, да, моќта на Бог при убедување на луѓе.

22 Но сега држи го твојот мир; проучувај го Моето слово кое беше споделено помеѓу човечките деца, и исто така проучувај го Моето слово кое ќе се појави помеѓу човечките деца, односно тоа кое сега се преведува, да, додека да го стекнеш сето тоа што Јас ќе го доделам при човечките деца во ова поколение, и тогаш сите нешта ќе бидат додадени на него.

23 Ете ти си Хајрим, Мој син; барај го царството на Бог, и сите нешта ќе бидат додадени според тоа што е праведно.

24 Гради врз Мојата карпа, која е Моето евангелие;

25 Не негирај го Духот на откровение, ниту духот на пророштво, зашто тешко на него кој ги одбива овие нешта;

26 Затоа, негувај во твоето срце додека не е времето кога е во Мојата мудрост да одиш напред.

27 Ете, Јас ги говорам на сите кои имаат добри желби, и се го замавале нивниот срп да жнеат.

28 Ете, Јас сум Исус Христос, Синот на Бог Јас сум животот и светлината на светот.

29 Јас сум истиот кој им дојдов на Моите, а Моите не Ме примија Мене;

30 Но вистина, вистина, Јас ти велам, дека онолку колку што ме примаат, на нив Јас ќе им дадам моќ да станат синови на Бог, дури и за оние кои веруваат во Моето име. Амин.