Свети Писма
Учење и Завети 54


Поглавје 54

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Нувел Најт, во Киртланд, Охајо, 10 Јуни, 1831. Членови на Црквата кои живеат во Томпсон, Охајо, беа поделени на прашања кои се поврзани со посветување на имотите. Себичност и алчност беа прикажани. После неговата мисија за Тресачите (видете наслов за поглавје 49), Леман Копли беше го прекршил заветот да ја посвети неговата голема фарма како место за наследување на Светците кои пристигнуваат од Колсвил, Њујорк. Како последица, Нувел Најт (водач на членовите кои живеат во Томпсон) и други старешини беа дошле кај Пророкот прашувајќи како да продолжат. Пророкот го прашал Господ и го добил ова откровение, кое им заповеда на членовите во Томпсон да ја напуштат фармата на Леман Купли и да патуваат до Мисури.

1–6, Светците мора да го одржуваат заветот на евангелието да стекнат милост; 7–10, Мора да се трпеливи во неволја.

1 Ете, така кажа Господ, дури Алфа и Омега, почетокот и крајот, дури и Тој кој беше распнат за гревовите на светот—

2 Ете, вистина, вистина, Јас ти велам на тебе, Мој слуга Нувел Најт, ти ќе стоиш цврсто во службата во која те назначив.

3 И ако твоите браќа посакуваат да им избегаат на непријателите, нека се покајат од нивните гревови, и станат навистина понизни пред Мене и покајнички.

4 И како што заветот кој го направија на Мене беше скршен, дури и така стана празен и без ефект.

5 И тешко на тој преку кого ова навреда дојде, зашто беше подобро за него дека бил удавен во длабочините на морето.

6 Но благословени се тие кои го одржувале заветот и ја запазувале заповедта, зашто тие ќе стекнуваат милост.

7 Затоа, оди сега и побегни од земјата, освен ако твоите непријатели дојдат по тебе; и патувај, и назначи кој и да сакаш да ви биде водач, и да плаќа пари за вас.

8 И така ќе патуваш во областите на запад, при земјата на Мисури, при границите на Ламанитите.

9 И откако си патувал, ете, Јас велам, барај еден приход како луѓето, додека да подготвам место за тебе.

10 И повторно, биди трпелив во неволја додека Јас не дојдам; и, ете, Јас доаѓам брзо, и Мојата награда е со Мене, и тие кои ме барале Мене порано ќе најдат одмор на нивните души. Дури и така. Амин.