Свети Писма
Учење и Завети 31


Поглавје 31

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Томас Б. Марш, Септември 1830. Пригодата беше веднаш после конференција на Црквата (види наслов на поглавје 30). Томас Б. Марш беше крстен порано во месецот и беше одреден како старешина во Црквата пред ова откровение да е дадено.

1–6, Томас Б. Марш е повикан да го проповеда евангелието и е осигуран од благосостојбата на неговото семејството; 7–13, Тој е советуван да биде трпелив, да се моли секогаш, и да го следи Утешителот.

1 Томас, Мојот син, благоловен си ти поради твојата вера во Моето дело.

2 Ете, си имал многу неволји поради твоето семејство; сепак, ќе те благословам тебе и твоето семејство, да, твоите мали; и денот доаѓа кога ќе веруваат и знаат за вистината и ќе бидат едно со тебе во Мојата црква.

3 Крени ја главата и радувај се, зашто дојде часот на твојата мисија; и твојот јазик ќе биде олабавен, и ќе објавиш радосни вести на голема радост при ова поколение.

4 Ти ќе ги објавиш нештата кои му биле откриени на Мојот слуга, Џозеф Смит, Јун. Ќе почнеш да проповедаш од ова време натаму, да, да жнееш во полето кое е веќе бело да се изгори.

5 Затоа, забиј го твојот срп со сета душа, и твоите гревови ти се простени тебе, и ќе бидеш натоварен со снопови врз твојот грб, за тоа што работникот е достоен за неговото најмување. Затоа, твоето семејство ќе живее.

6 Ете, вистина Јас ти велам, оди си од нив за кратко време, и објави го Моето слово, и Јас ќе подготвам место за нив.

7 Да, Јас ќе ги отворам срцата на луѓето, и тие ќе те примат. И Јас ќе воспоставам црква со твојата рака.

8 И ти ќе ги зацвртсиш нив и ги подготвиш против времето кога ќе бидат собрани.

9 Биди трпелив во неволји, не навредувај ги тие што навредуваат. Управувај ја твојата куќа во питомост, и биди постојан.

10 Ете, Јас ти велам дека ќе бидеш лекар при црквата, ама не при светот, бидејќи нема да те примат.

11 Оди по твојот пат каде и да сакам Јас и ќе, ти биде дадено преку Утешителот што треба да правиш и каде треба да одиш.

12 Моли се секогаш, за да не влезеш во искушение и ја изгубиш твојата награда.

13 Биди верен до крајот, и ете, Јас сум со тебе. Овие зборови не се од човек ниту од човекот, туку од Мене, дури Исус Христос, твојот Искупител, преку волјата на Отецот. Амин.