Поглавје 36
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот на Едвард Партриџ, кај Фајет, Њујорк, 9 Декември, 1830 (види налсов на поглавје 35). Историјата на Џозеф Смит предложува дека Едвард Партриџ „беше модел на побожност, и еден од големите луѓе на Господ.“
1–3, Господ ја положува Неговата рака врз Едвард Партриџ преку раката на Сидни Ригдон; 4–8, Секој човек кој го прима евангелието и свештенството ќе биде повикан да оди напред и проповедува.
1 Така кажа Господ Бог, Моќниот на Израел: Ете, Јас ти велам на тебе, Мој слуга Едвард, дека си благословен, и гревовите ти се простени, и ти си повикан да го проповедаш Моето евангелие со гласот на труба;
2 И Јас ќе ги положам Моите раце врз тебе преку раката на Мојот слуга Сидни Ригдон, и ќе го добиеш Мојот Дух, Светиот Дух, дури и Утешителот, кој ќе те поучи на мирните нешта на царството;
3 И ќе го објавиш со голем глас, велејќи: Осана, благословено нека е името на највисокиот Бог.
4 И сега овој повик и заповед Јас ти ги давам во врска со сите луѓе—
5 Дека сите што ќе дојдат пред Моите слуги Сидни Ригдон и Џозеф Смит, Јун., прифаќајќи го овој повик и заповед, ќе бидат одредени и испратени да го проповеда вечното евангелие помеѓу нациите—
6 Довикувајќи покајание, велејќи: Спасете се себеси од ова погрешно поколение, и излезете од огнот, мразејќи ги дури и облеките обоени со тело.
7 И оваа заповед ќе имбиде дадена на старешините на Мојата црквата, дека секој човек што ќе ја прифати со единственост на срцето може да биде одреден и испратен, и тоа како што Јас говорев.
8 Јас сум Исус Христос, Синот на Бог; затоа, опашајте ги вашите бедра и Јас одеднаш ќе дојдам во Мојот храм. Дури и така. Амин.