Поглавје 111
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот, во Сејлем, Масачусетс, 6 Август, 1836. Во ова време водачите на Црквата беа тешко во долг поради нивните работи во служењето. Слушајќи дека голем износ од парите ќе биде достапен за нив во Сејлем, Пророкот, Сидни Ригдон, Хајрим Смит, и Оливер Каудери патуваа од Киртланд, Охајо, да го истражат ова тврдење, исто со проповедање на евангелието. Браќата спроведоа неколку предмети од Црковната зделка и правија малку проповедање. Кога беше очигледно дека никакви пари не пристигнуваа, тие се вратија во Киртланд. Неколку од факторите истакнати во позадина се одразуваат во зборовите на ова откровение.
1–5, Господ гледа на привремените потреби на Неговите слуги; 6–11, Тој ќе се справи милостиво со Сион и ќе ги среди сите нешта за доброто на Неговите слуги.
1 Јас, Господ вашиот Бог, не сум незадоволен со вашето доаѓање на ова патување, без оглед на вашите лудости.
2 Јас имам многу богатство во овој град за вас, за користа на Сион, и многу луѓе во овој град, кои Јас ќе ги соберам во одредено време за користа на Сион, преку вашата инструменталност.
3 Затоа, тоа е целисходно дека треба да се запознаете со луѓе во овој град, како што ќе бидете водени, и како што ќе ви биде дадено.
4 И ќе се случи во скоро време дека Јас ќе го дадам овој град во вашите раце, за да имате моќ врз него, толку што тие нема да ги откријат вашите тајни патишта; и неговото богатство што се однесува на злато и сребро ќе бидат ваши.
5 Не загрижувајте се себеси поради вашите долгови, зашто Јас ќе ви дадам моќ да ги платите.
6 Не се грижете за Сион, зошто јас ќе се справам милостиво со него.
7 Останете во ова место, и региони наоколу;
8 И местото во кој е Мојата волја да останете, главно, ќе ви биде сигнализирано преку мирот и моќта на Мојот Дух, кои ќе течат врз вас.
9 Ова место може да го стекнете преку нејмување. И прашајте трудољубиво во врска со подревни жители и основачи на овој град;
10 Зашто постојат повеќе богатства отколку едно во овој град.
11 Затоа, бидете толку мудри колку отровници а сепак без грев; Јас ќе ги наредам сите нешта за ваше добро, онолку брзо колку што можете да ги примите. Амин.