Поглавје 96
Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот, покажувајќи го редот на градот односно колот на Сион во Киртланд, Охајо, 4 Јуни, 1833. Како еден пример на Светците во Киртланд. Пригодата беше конференција на високи свештеници, и главниот тема за разговор беше ослободувањето на одредени земјишта, познати како Француска фарма, обработени преку Црквата близу кај Киртланд. Поради тоа што конференцијата не можела да се согласи за кој треба да ја преземе фармата, сите се согласија да го прашаат Господ во врска со работата.
1, Колот на Сион на Киртланд треба да станува силен; 2–5, Епископот треба да ги подели наследствата за Светците; 6–9, Џон Џонсон треба да биде член на обединетиот ред.
1 Ете, Јас ви велам, оваа е мудрост, за да можете да знаете како да делувате во врска со ова нешто, зашто е целисходно во Мене дека овој кол кој Јас сум го поставил како сила на Сион треба да биде засилен.
2 Затоа, нека Мојот слуга Невел К. Витни земе команда врз местото кое е именувано помеѓу вас кое Јас го испланирав да го изградам Мојот свет дом.
3 И повторно, нека биде поделено на земјишта, според мудрост, за корист на оние кои бараат наследство, како што ќе биде одлучено на советот помеѓу вас.
4 Затоа, обрнете внимание да се справите со ова нешто, и тој дел што е неопходен го подобрува Мојот ред, за цел на истакнување на Моето слово до човечките деца.
5 Зашто ете, вистина Јас ти велам при тебе, ова е најцелисходно во Мене, дека Моето слово оди напред при децата на човекот, за причина за совладување на срцата на децата на човекот за твое добро. Дури и така. Амин.
6 И повторно, вистина Јас ви велам, тоа е мудрост и целиходно во Мене, дека Мојот слуга Џон Џонсон чиј принос сум го прифатил, и чии молитви сум ги слушнал, на кому Јас му давам ветување за вечен живот онолку колку што тој ги одржува Моите заповеди оттука натаму—
7 Зашто тој е потомок на Јосиф и земач од благословите на ветувањето што тој го дал на татковците—
8 Вистина Јас ви велам, тоа е целисходно во Мене дека тој треба да стане член на редот, за тој да може да помогне со донесувањето на Моето слово при човечките деца.
9 Затоа вие ќе го одредите него при овој благослов, и тој ќе бара трудољубиво да ги тргне товарите кои се врз домот именуван помеѓу вас, за тој да може да живее таму. Дури и така. Амин.