Официјална Објава 1
Библијата и Книгата на Мормон поучуваат дека моногамијата е Божјиот стандард за брак освен ако Тој не објави поинаку (видете 2 Самуел 12:7–8 и Јаков (КМ) 2:27, 30). После едно откровение за Џозеф Смит, практикувањето на полигамен брак беше воспоставено помеѓу Црковни членови во раните 1840ти (видете поглавје 132). Од 1860те до 1880те, владата на Соединетите Американски Држави донесе закони да се направи ова религиозно практикување нелегално. Овие закони беа на крај поддржани од Врховниот Суд на САД. После добивањето на откровение, Претседател Вилфорд Вудруф го издава следниов Манифест, кој беше прифатен од Црквата како овластен и обврзувачки на 6 Октомври, 1890. Ова доведе до крајот на практикување на полигамен брак во Црквата.
До Кому Се Однесува:
Испринтаните примероци беа испратени за политички цели, од Солт Лејк Сити, кои биле широко објавени, до ниво каде што Комисијата на Јута, во нивниот неодамнешен извештај до Секретарот за Внатрешни Работи, тврдат дека полигамните бракови се уште се формализираат и дека четириесет или повеќе такви бракови биле склучени во Јута од минатиот Јуни или за време на минатата година, исто дека и во јавни дебати водачите на Црквата поучувале, охрабрувале и терале продолжување на практикувањето на полигамија—
Јас, затоа, како Претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, овде, на најсвечен начин, објавувам дека овие обвиненија се лажни. Ние не поучуваме полигамија или полигамни бракови, ниту дозволуваме некоја личност да започне со ова практикување, и јас негирам дека четириесет или било колку други полигамни бракови за време на тој период биле формализирани во нашите Храмови или на било кое друго место на Територијата.
Еден случај беше пријавен, во која странките тврдат дека бракот беше изведен во Домот на Дарување, во Солт Лејк Сити, во пролетта 1889, но не можев да дознаам кој ја извел церемонијата; што и да било направено на овој начин било без мое знаење. Како последница за ова наводно случување Домот на Дарување беше, по мои упатства, затворен без одложување.
Онолку колку што законите биле спроведувани преку Конгресот кои забрануваат полигамни бракови, кои закони биле прогласени за уставни од судот како последни мерки, Јас овде ја објавувам мојата намера да се потчинам на тие закони, и да го искористам моето влијание со членовите на Црквата врз која јас претседавам за и тие да постапат исто.
Не постои ништо во моите учења за Црквата или на оние на моите соработници, за одреденото време, кое може да биде разумно протолкувано дека налага или охрабрува полигамија; и кога било кој Старешина од Црквата зборувал така што изгледало дека пренесува било какво учење на тој начин, тој бил брзо прекорен. И сега јас јавно објавувам дека мојот совет до Светците од Подоцнежните Дни е да се воздржат од склучување на било како брак што е забранет со законот на земјата.
Вилфорд Вудруф
Претседател на Црквата на Исус Христос
на Светците од Подоцнежните Дни.
Претседател Лоренцо Сноу го кажа следното:
„Јас изразувам дека, признавајќи го Вилфорд Вудруф како Претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, и единствениот човек на земјата во сегашноста кој ги држи клучевите за обреди за запечатување, ние го сметаме за целосно овластен преку доблест на неговата позиција да го издаде Манифестот кој беше прочитан на нашето сослушување, и кој датира од 24ти Септември, 1890, и дека како една Црква собрана на Генерална Конференција, ние ја прифаќаме оваа објава во врска со полигамни бракови како авторитативна и обврзувачка.“
Солт Лејк Сити, Јута, 6 Октомври, 1890.
Извадоци од Три Обраќања на
Претседател Вилфорд Вудруф
Во врска со Манифестот
Господ нема да ми дозволи на мене ниту пак на било кој друг човек кој ќе биде Претседател на Црквата да ве води погрешно. Не е во програмата. Не е во умот на Бог. Ако јас се обидам на такво нешто, Господ ќе ме отстрани од моето место, и така Тој ќе го отстрани било кој друг човек кој се обидува да ги води човечките деца да застранат од пророците на Бог и од нивната должност. (Шеесет и прва Полугодишна Генерална Конференција на Црквата, Понеделник, 6 Октомври, 1890, Солт Лејк Сити, Јута. Пријавено на Deseret Evening News, 11 Октомври, 1890 с. 2.)
Не е важно кој живее односно кој умира, или кој е повикан да ја води Црквата, зошто тие мораат да ја водат преку инспирација на Семоќниот Бог. Ако не го прават тоа на тој начин, тие не можат да го прават тоа воопшто. …
Јас имав некои откровенија во последно време, и многу важни на мене, и јас ќе ви кажам што Господ ми кажа на мене. Да ве потсетам на тоа што е условено во манифестот. …
Господ ми кажа да ги прашам Светците на Подоцнежните Дни едно прашање, и Тој исто ми кажа дека ако тие слушаат што јас им зборам на нив и го одговорат прашањето поставено на нив, преку Духот и моќта на Бог, тие сите би одговориле исто, и сите би верувале исто во врска со оваа работа.
Прашањето е ова: Кој е најмудриот правец за Светците од Подоцнежните Дни да го следат—да продолжуваат да се обидуваат да практикуваат полигамен брак, со законите на нацијата насочени против тоа и спротивставеноста на шеесет милиони луѓе, и по цена на конфискување и загуба на сите Храмови, и запирање на сите тамошни обреди, и за живите и за мртвите, и за затворањето на Првото Претседателство и Дванаесетте и главите на семејствата во Црквата, и конфискување на личен имот од народот (сите кои од себеси би го запреле практикувањето); или, откако направивме и страдавме низ тоа низ кое сме поминале преку нашето придржување до овој принцип да го запремен практикувањето и да се потчиниме на законот, и преку постапување така да ги оставиме Пророците, Апостолите и татковците дома, за да можат да го упатуваат народот и да се погрижат за должностите на Црквата, и исто да ги оставиме Храмовите во рацете на Светците, за да можат да се погрижат за обредите на Евангелието, и за живите и за мртвите?
Господ ми покажа мене преку визија и откровение точно што ќе се случи ако не запревме со ова практикување. Ако не бевме го запреле, не би имале никаква корист од … било кој од овие мажи овде во храмот во Логан; зашто сите обреди би биле запрени низ земјата Сион. Забуна би владеела низ Израел, и многу луѓе би биле затвореници. Оваа неволја би надошла врз целата Црква, и ние би биле приморани да го запреме ова практикување. Еве, прашањето е, дали треба да биде запрена на овој начин, или на начинот кој Господ ни го прикажа на нас, и да ги оставиме нашите Пророци и Апостоли и татковци како слободни луѓе, и храмовите во рацете на народот, за мртвите да може да се искупени. Еден голем број веќе беше избавен од затворската куќа во светот на духовите преку овој народ, и дали делото ќе продолжи и ќе престане? Ова е прашањето кое го поставувам пред Светците од Подоцнежните Дни. Треба да судите самите. Сакам вие самите да одговорите. Јас нема да одговорам; но јас ви велам дека тоа е точно состојбата во која ние како народ би биле ако не бевме тргнале во правецот по кој тргнавме.
… Јас точно видов што би се случило ако ништо не се направеше. Јас го имав овој дух во мене долго време. Но јас сакам да го кажам ова: Јас требаше да ги оставам сите храмови да се слизнат од нашите раце, јас требаше самиот да одам во затвор, и да дозволам секој друг човек да оди таму, ако Бог на небесата не беше ми заповедал да го сторам тоа што го сторив; и кога дојде часот ми беше заповедано да го правам тоа, се ми беше јасно на мене. Јас тргнав пред Господ, и јас напишав тоа што Господ ми кажа да напишам. …
Јас го оставам ова со вас, за вие да размислувате и земете во предвид. Господ делува со нас. (Конференција на Кол Кејш, Логан, Јута, Недела 1 Ноември, 1891. Пријавено на Deseret Weekly, 14 Ноември, 1891.)
Сега јас ќе ви кажам што ми беше прикажано на мене и што Синот на Бог изведе при ова нешто. … Сите овие нешта би се оствариле, додека Бог Семоќниот живее, да не беше даден Манифестот. Затоа, Синот на Бог се почувствува наклонет да го претстави тоа нешто на Црквата и на светот за целите на Неговиот сопствен ум. Господ даде одредба за воспоставувањето на Сион. Тој даде одредба за завршување на овој храм. Тој беше дал одредба дека спасението на живите и мртвите треба да биде дадено во овие долини на планините. И Семоќниот Бог беше дал одредба дека Ѓаволот не треба да го оспори. Ако можете да го разберете тоа, тогаш тоа е клучот. (Од дебата од шестата сесија на посветувањето на Храмот во Солт Лејк, Април 1893. Напишана копија од Посветените Служби, Архиви, Црковен Историски Оддел, Солт Лејк Сити, Јута.)