Поглавје 12
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Џозеф Најт Сен., кај Хармони, Пенсилванија, Мај 1829. Џозеф Најт верувал во објавите на Џозеф Смит во врска со неговиот посед на плочите на Книгата на Мормон и делото на преведување тогаш во напредување и неколку пати дал материјална помош на Џозеф Смит и неговиот писар, што им овозможила да продолжат да преведуваат. По барањето на Џозеф Најт, Пророкот го прашал Господ и го примил откровението.
1–6, Работниците во лозјето ќе добијат спасение; 7–9, Сите кои посакуваат кои се квалификувани можат да му помогнат на делото на Господ.
1 Едно големо и чудесно дело наскоро ќе се појави помеѓу човечките деца.
2 Ете, Јас сум Бог; послушај го Моето слово, кое е брзо и моќно, поостро отколку еден меч со две острици, до распукување и на зглобови и на срж; затоа послушај го Моето слово.
3 Ете, полето е бело спремно за жетва; затоа, кој и да посакува да жнее нека го забие неговиот срп со неговата моќ, и нека жнее додека трае денот, за да може да негува за неговата душа вечно спасение во царството на Бог.
4 Да, кој и да го забие неговиот срп и жнее, истиот е повикан од Бог.
5 Затоа, ако ќе бараш од Мене ќе добиеш; ако тропнеш ќе ти биде отворено.
6 Сега, како што побара, ете, Јас ти велам, одржувај ги Моите заповеди, и барај да ја донесеш и воспоставиш целта на Сион;
7 Ете, Јас ти говорам тебе, и исто така на сите оние кои посакуваат да го остварат и да воспостават ова дело;
8 И никој не може да помага во ова дело освен ако не биде понизен и полн со љубов, имајќи вера, надеж, и милосрдие, воздржан во сите нешта, што и да биде доверено во негова грижа.
9 Ете, Јас сум светлината и животот на светот, кои ги говорат овие зборови, затоа послушај со твојата моќ, и потоа ти си повикан. Амин.