Свети Писма
Учење и Завети 30


Поглавје 30

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Дејвид Витмер, Питер Витмер Јун., и Џон Витмер, кај Фајет, Њујорк, Септември 1830, после тридневната конференција кај Фајет, но пред старешините на Црквата да се разделат. Првобитно овој материјал беше објавен како три откровенија; беше комбинирано во едно поглавје преку Пророкот за изданието од 1835 на Учење и Завети.

1–4, Давид Витмер е предупреден за неуспехот да служи трудољубиво; 5–8, Петар Витмер Јун. е да го придружува Оливер Каудери на мисија кај Ламанитите; 9–11, Џон Витмер е повикан да го проповеда евнагелието.

1 Ете, Јас ти велам, Давид, дека ти си имал страв од човек и не си се потпрел на Мене за сила како што треба.

2 Но твојот ум е зафатен со нештата на земјата повеќе отколку нештата на Мене, твојот Создавач, и службата за која си бил повикан; и не си го послушал Мојот Дух, и тие што беа поставени над тебе, но беа убедени од тие на кои Јас не сум заповедал.

3 Затоа, ти си оставен да прашаш самиот на Мојата рака, и да размислуваш врз нештата кои си ги добил.

4 И твојот дом ќе биде во куќата на твојот татко, додека да не ти дадам понатамошни заповеди. И ти ќе се погрижиш за службата во црквата, и пред светот, и областите наоколу. Амин.

5 Ете, Јас ти велам тебе, Петар, дека ќе го земеш твоето патување со брат ти Оливер; зашто времето дојде кога е целисходно да ја отвориш устата и да го објавиш Моето евангелие; затоа, не плаши се, туку послушај ги зборовите и советот на твојот брат, кој тој ќе ти го даде.

6 И биди ти погоден со сите неговите неволји, и секогаш кревајќи го срцето во молитва и вера, за негово и твое избавување; зашто му дадов моќ да ја изгради Мојата црква помеѓу Ламанитите;

7 И никого не сум назначил да биде негов советник над него во црквата, во врска со црковни работи, освен неговиот брат, Џозеф Смит, Јун.

8 Затоа, послушај ги овие нешта и биди трудољубив во одржување на Моите заповеди, и ќе бидеш благословен со вечен живот. Амин.

9 Ете, Јас ти велам, Мој слуга Јован, дека ќе започнеш од ова време натаму да го прогласуваш Моето евангелие, како со гласот на една труба.

10 И твојот труд ќе биде кај твојот брат Филип Буроус, и во таа област наоколу, да, каде и да можеш да си слушнат, додека не ти заповедам да тргнеш од овде.

11 И сиот твој труд ќе биде во Сион, со сета твоја душа, од тука натаму; да, ќе ја отвараш устата за Моја цел, без плашење од тоа што човек може да стори, зашто Јас сум со тебе. Амин.