Свети Писма
Учење и Завети 39


Поглавје 39

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Џејмс Ковел, кај Фајет, Њујорк, 5 Јануари, 1831. Џејмс Ковел, кој бил Методистички службеник за околу четириесет години, завети со Господ дека ќе ги послуша сите заповеди кои Господ ќе му ги даде преку Џозеф Пророкот.

1–4, Светците имаат моќ да станат синови на Бог; 5–6, Да се прими евангелието е да се прими Христос; 7–14, Џејмс Ковел е заповедано да се крстии да труди во лозјето на Господ; 15–21, Слугите на Господ ќе го проповедаат евангелието пред Второто Доаѓање; 22–24, Оние кои го добиваат евангелието ќе се соберат преку сето време и за вечност.

1 Чуј и послушај го гласот на тој кој е од сета вечност на сета вечност, Големиот Јас Сум, и тоа Исус Христос—

2 Светлината и животот на светот; светлина која сјае во темнина а темнината не ја разбира;

3 Истиот кој дојде во меридијанот на времето при Моите сопствени, и Моите сопствени не ме примија;

4 Но на сите што ме примија, Јас им дадов моќ да станат Мои синови; и исто така ќе им ја дадам на сите што ќе ме примат, моќта да станат Мои синови.

5 И вистина, вистина, Јас ти велам, дека тој кој го прими Моето евангелие ме прими Мене; и тој кој не го прими Моето евангелие не ме прими Мене.

6 И ова е Моето евангелие—покајание и крштавање со вода, и тогаш доаѓа крштвањето на оган и на Светиот Дух, и тоа Утешителот, кој ги покажува сите нешта, и поучува за мирните нешта на царството.

7 И еве, Јас ти велам, Мој слуга Џејмс, Јас ги гледав твоите дела и Јас те знам тебе.

8 И вистина Јас ти велам, твоето срце е сега правилно пред Мене во ова време; и, ете, Јас дарував големи благослови врз твојата глава;

9 Сепак, ти си видел голема тага, зашто многу пати си ме одбил поради гордоста и грижите на светот.

10 Но, ете, деновите на твоето избавување се дојдени, ако ќе го послушаш Мојот глас, кој ти вели: Стани и биди крстен, и измиј ги твоите гревови, повикувајќи го Моето име, и ќе го добиеш Мојот Дух, и благослов толку голем како што не си знаел.

11 И ако ќе го направиш ова, Јас те подготвив за поголемо дело. Ти ќе ја проповедаш целината на Моето евангелие, кое го испратив во овие последни денови, заветот кој го испратив да се поврати Мојот народ, кој е од домот на Израел.

12 И ќе се случи дека моќ ќе почива врз тебе; ти ќе имаш голема вера, и Јас ќе бидам со тебе и ќе одам пред твоето лице.

13 Ти си повикан да работиш во Моето лозје, и да ја изградиш Мојата црква, и да го изведеш Сион, да може да се радува на ридовите и расцвета.

14 Ете, вистина, вистина, Јас ти велам, не си повикан да одат на источните земји, но ти си повикан да одиш во Охајо.

15 И колку што Мојот народ ќе се собере во Охајо, Јас осигурив благослов таков како што не е познат помеѓу човечките деца, и ќе биде излеан врз нивните глави. И од таму луѓе ќе одат напред во сите нации.

16 Ете, вистина, вистина, Јас ти велам, дека луѓето во Охајо ме повикуваат со многу вера, мислејќи дека ќе ја задржам Мојата рака во суд на нациите, но не можам да го негирам Моето слово.

17 Затоа напрегни со твојата моќ и повикај верни работници во Моето лозје, за да може да биде кастрено за последен пат.

18 И колку што се покајат и ја примат целината на евангелието, и стануваат осветени, Јас ќе ја задржам Мојата рака во суд.

19 Затоа, оди напред, довикувајќи со силен глас: Царството на небесата се ближи; довикувајќи: Осана! Нека е благословено името на Највисокиот Бог.

20 Оди напред крштавајќи со вода, подготвувајќи го патот пред Моето лице за времето на Моето доаѓање;

21 Зашто времето се ближи; денот односно часот ниту еден човек не го знае; но сигирно ќе дојде.

22 И оној кој ќе ги прими овие нешта ме прими Мене; и тие ќе бидат собрани кај Мене преку време и за вечноста.

23 И повторно, ќе се случи онолку колку што ќе ги крстиш со вода, ти ќе ги положиш твоите раце, и ќе го примат дарот на Светиот Дух, и ќе ги очекуваат знаците на Моето доаѓање, и ќе ме знаат.

24 Ете, Јас доаѓам брзо. Дури и така. Амин.