Поглавје 131
Упатства дадени преку Џозеф Смит Пророкот, дадени во Рејмус, Илинојс, 16 и 17 Мај, 1843.
1–4, Селестијалниот брак е суштински за возвишување на највисоката небеса; 5–6, Како луѓето се запечатени при вечниот живот е објаснето; 7–8, Сиот дух е материја.
1 Во селестијалната слава постојат три небеса односно степени.
2 И за да се стекне со најсвисокото, еден човек мора да влезе во ред од свештенството [значејќи новиот и вечен завет на брак];
3 И ако не го прави тоа, тој не може да го стекне тоа.
4 Тој може да влезе во другите, но тоа е крајот на неговото царство; тој не може да има потомство.
5 (17ти Мај, 1843.) Посигурно слово на пророштво значи дека еден човек знае дека тој е запечатен при вечен живот, преку откровение и духот на пророштвото, преку моќта на Светото Свештенство.
6 Тоа е невозможно за еден човек да биде спасен во неукост.
7 Не постои такво нешто како нематеријална материја. Целиот дух е материја, но е поделикатен или почист, и може да биде спознаен само преку почисти очи;
8 Ние не можеме да го видиме; но кога нашите тела се прочистени ќе видиме дека сè е материја.