Поглавје 45
Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Црквата, во Киртланд, Охајо, 7 Март, 1831. Воведувајќи го записот на ова откровение, историјата на Џозеф Смит објавува дека „во оваа ера на Црквата … многу лажни извештаи … и будалести приказни, беа испечатувани … и ширени, … да ги спречат луѓето да пребаруваат на делото, или да ја прифаќат верата. … Но за радоста на Светците, … Го добив следното.“
1–5, Христос е наш адвокат со Отецот; 6–10, Евангелието е гласник да го подготви патот пред Господ; 11–15, Енох и неговите браќа беа примени од Господ при Него; 16–23, Христос ги открива знаците на Неговото Доаѓање како што е дадено на Маслиновата Гора; 24–38, Евангелието ќе биде обновено, времињата на Неевреите ќе бидат исполнети, и опустошувачка болест ќе ја покрие земјата; 39–47, Знаци, чуда, и Воскреснувањето ќе се присуствуваат на Второто Доаѓање; 48–53, Христос ќе стои на Маслиновата Гора, и Евреите ќе ги видат раните на Неговите раце и нозе; 54–59, Господ ќе владее за време на Милениумот; 60–62, Пророкот е упатен да започне со преведувањето на Новиот Завет, преку кое важни информации ќе бидат обелоденети; 63–75, Светците им е заповедано да се соберат и да го изградат Новиот Ерусалим, до кој луѓе од сите нации ќе доаѓат.
1 Послушајте, О вие народе на Мојата црква, на кого царството беше дадено; послушајте вие и чујте го тој што ја постави основата на земјата, кој ги создаде небесата и сета тамошна многумина, и преку кого сите нешта беа создадени кои живеат, и се движат, и имаат битисување.
2 И повторно Јас велам, послушајте го Мојот глас за смртта да не ве престигне; за еден час кога не мислите летото ќе помине, и жетвата ќе заврши и вашите души нема да се спасени.
3 Слушајте го тој што е адвокатот со Отецот, кој моли за вашата цел пред Него—
4 Велејќи: Оче, ете ги страдањата и смртта на Оној кој не грешеше, со кого Ти беше премногу задоволен; ете крвта на Твојот Син која беше пролеана, крвта на Оној кој Ти го даде за Ти Самиот да бидеш прославен;
5 Затоа, Оче, поштеди ги овие Мои браќа кои веруваат на Моето име, за да можат да дојдат при Мене и да имаат вечен живот.
6 Послушајте, О вие народе од Мојата црква, и вие старешини слушајте заедно, и слушнете го Мојот глас додека вика денес, и не стврднувајте ги вашите срца;
7 Зашто вистина Јас ви велам дека Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот, светлината и животот на светот—една светлина која сјае во темнината и темнината не ја разбира.
8 Јас дојдов кај Моите, и Моите не ме примија; но тие што ме примија Јас им дадов моќ да прават многу чуда, и да станат синови на Бог; и на нив кои веруваа на Моето име Јас им дадов моќ да стекнат вечен живот.
9 И дури така Јас ги испратив Мојот вечен завет во светот, да биде светлина на светот, и да биде еден пример за Мојот народ, и за Неевреите да го бараат, и да биде гласник пред Моето лице да го подготви патот пред Мене.
10 Затоа, дојдете вие при тоа, и со тие што доаѓаат ќе расудувам како со луѓето во старите денови, и ќе ви ја покажам Моето силно расудување.
11 Затоа, послушајте вие заедно и дозволете ми да ви ја покажам Мојата мудрост—мудроста на тој за кого велите дека е Бог на Енох, и неговите браќа,
12 Кои беа одделени од земјата, и беа примени при Мене—еден град задржен додека да не дојде денот на праведноста—еден ден кој беше баран од сите свети луѓе, и не го пронајдоа поради пакоста и одвратостите;
13 И признаа дека беа странци и аџии на земјата;
14 Но стекнаа едно ветување дека тие ќе го најдат и го видат во нивното тело.
15 Затоа, послушајте и ќе расудам со вас, и ќе зборувам со вас и пророкувам, како на луѓето во старите денови.
16 И Јас ќе ви го покажам јасно како што Јас им го покажав на Моите ученици кога Јас стоев пред нив во тело, и им говорев, велејќи: Како што сте ме прашале од Мене во врска со знаците на Моето доаѓање, на денот кога ќе пристигнам со Мојата слава во небесните облаци, да го исполнам ветувањето кое Јас им го дадов на вашите татковци,
17 Зашто како што сте погледнале на долгото отсуство на вашите духови од вашите тела да биде ропство, ќе ви покажам на вас како денот на искупување ќе дојде, и исто така обновувањето на распрснатиот Израел.
18 И еве сега гледајте го овој храм кој е во Ерусалим, кој вие ја нарекувате куќата на Бог, и вашите непријатели велат дека оваа куќа никогаш нема да пропадне.
19 Но, вистина Јас ви велам, дека пустошот ќе дојде помеѓу ова поколение како крадец во ноќта, и овој народ ќе биде уништен и распрснат помеѓу сите нации.
20 И овој храм кој сега вие го гледате ќе биде прегазен и нема да биде оставен ниту еден камен врз друг.
21 И ќе се случи, дека ова поколение на Евреи нема да почине се додека секој пустош кој Јас ви го кажав во врска со нив не се случи.
22 Вие кажате дека знаете дека крајот на светот доаѓа; вие исто така кажате дека знаете дека небесатта и земјата ќе поминат;
23 И со ова вие велите вистинито, зашто така е; но овие нешта кои ви ги кажав нема да поминат додека се не се исполни исполнети.
24 И ова ви го кажав во врска со Ерусалим; и кога ќе дојде тој ден, остаток ќе биде распрснат помеѓу сите нации;
25 Но тие ќе бидат собрани повторно; но ќе останат до времињата на Неевреите не се исполнети.
26 И на тој ден ќе биде слушнато за војни и гласини за војни, и целата земја ќе биде во немир, и човечките срца ќе ги изневерат, и ќе кажат дека Исус Христос го одложува Неговото доаѓање сè до крајот на земјата.
27 И љубовта на луѓето ќе се олади, и беззаконие ќе изобилува.
28 И кога времињата на Неевреите ќе дојдат, светлина ќе се излее помеѓу нив кои седат во темнина, и ќе биде целината на Моето евангелие;
29 Но тие не го примаат; зашто не ја согледа светлината, и ги вртат нивните срца од Мене поради принципите на човекот.
30 И во тоа поколение времињата на Неевреите ќе бидат исполнети.
31 И ќе има луѓе кои стојат во тоа поколение, кои нема да поминат додека да не видат прелетувачки камшик; зашто опустошувачка болест ќе ја покрие земјата.
32 Но Моите ученици ќе стојат на свети места, и нема да бидат поместени; но помеѓу пакосните, луѓето ќе ги кренат нивните гласови и ќе го проколнат Бог и умираат.
33 И ќе има земјотреси исто на различни места, и многу опустошувања; сепак луѓето ќе ги стврднуваат нивните срца против Мене, и ќе го земат мечот, еден против друг, и ќе се убијат еден со друг.
34 И сега, кога Јас Господ ги гоовреше овие зборови при Моите ученици, тие беа вознемирени.
35 И Јас им кажав на нив: Не бидете вознемирени, зашто, кога сите овие нешта ќе се случат, можете да знаете дека ветувањата кои биле направени за вас ќе бидат исполнети.
36 И кога светлината ќе започне да се излее, ќе биде со нив како една парабола која Јас ќе ви ја покажам—
37 Вие ги гледате и здогледувате дрвата од смокви, и ги гледате со ваши очи, и вие кажате кога ќе започнат да стрелаат, и нивните листови се се уште нежни, дека лето сега се ближи наскоро;
38 Дури и ќе биде на тој ден кога ќе ги видите сите овие нешта, тогаш ќе знаете дека часот се ближи.
39 И ќе се случи дека тој кој се плаши од Мене ќе гледа напред за големиот ден на Господ да дојде, дури и за знаците на доаѓањето на Синот на Човекот.
40 И ќе видат знаци и чуда, зашто ќе им биде покажано на небесата горе, и на земјата долу.
41 И ќе гледаат крв, и оган, и пареа од чад.
42 И пред денот на Господ да дојде, сонцето ќе биде затемнето, и месечината ќе се претвори во крв, и ѕвездите паѓаат од небесата.
43 И остатокот ќе биде собран при ова место;
44 И тогаш сите ќе ме барат Мене, и ете, Јас ќе дојдам; и ќе ме видат во облаците на небесата, облечени со моќ и голема слава; со сите свети ангели; и тој што не ме бара ќе биде отсечен.
45 Но пред да падне раката на Господ, еден ангел ќе затруби со неговата труба, и светците кои спиеле ќе дојдат напред да ме сретнат во облаците.
46 Затоа, ако сте спиеле во мир благословени сте вие; зашто како што сега ме гледате и знаете дека Јас сум, така ќе дојдете при Мене и вашите души ќе живеат, и вашето искупение ќе биде усовршено; и светците ќе дојдат напред од четирите краишта на земјата.
47 Тогаш раката на Господ ќе падне врз нациите.
48 И тогаш Господ ќе го постави Неговото стапало врз оваа планина, и ќе се раздели на две, и земјата ќе трепери, и ќе се ниша напред и назад, и небесата исто ќе се тресе.
49 И Господ ќе го изговори неговиот глас, и сите краишта на земјата ќе го слушнат; и нациите на земјата ќе жалат, и тие што се смееле ќе го видат нивната глупост.
50 И катастрофа ќе го покрие исмејувачот, и презирачот ќе биде проголтан; и тие кои барале безаконие ќе бидат пресечени и фрлени во огнот.
51 И тогаш ќе Евреите погледнат врз Мене и кажат: Кои се овие рани во Твоите раце и Твоите нозе?
52 Тогаш ќе знаат дека Јас сум Господ; зашто Јас ќе им кажам на нив: Овие рани се раните со кои Јас бев ранет во куќата на Моите пријатели. Јас сум тој што беше кренат. Јас сум Исус кој беше распнат. Јас сум Синот на Бог.
53 И тогаш тие ќе плаче поради нивните беззаконија; тогаш ќе оплакуваат поради што го прогонувале нивниот цар.
54 И тогаш безбожните нации ќе бидат искупени, и тие кои не го знаеја законот ќе имаат дел во првото воскреснување; и ќе биде подносливо за нив.
55 И Сатаната ќе биде заврзан, за да нема место во срцата на човечките деца.
56 И на тој ден, кога Јас ќе дојдам со Мојата слава, параболата за која зборував ќе биде исполнета во врска со десетте девици.
57 Зашто тие се мудри и ја примиле вистината, и го земале Светиот Дух за нивниот водич, и не биле измамени—вистина Јас ви велам, не треба да бидат пресечени и фрлени во оган, туку треба да го издржат денот.
58 И земјата ќе им биде дадена на нив за наследство; и тие ќе се размножуваат и засилуваат, и нивните деца ќе пораснат без грев при спасение.
59 Зашто Господ ќе биде во нивна средина, и Неговата слава ќе биде врз нив, и Тој ќе биде нивен цар и нивен законодавач.
60 И сега, ете, Јас ти велам на тебе, нема да ти биде дадено да ги знаеш повеќе во врска со ова поглавје, додека Новиот Завет да не биде преведен, и во овие нешта ќе биде обелоденето;
61 Затоа Јас ти давам да можеш сега да го преведеш, за да бидеш подготвен за нештата што следуваат.
62 И вистина Јас ти велам, дека големи нешта те чекаат тебе;
63 Слушате за војни во далечни земји; но, ете, Јас ви велам, тие се ближат, дури и до вашите врати, и не многу години во иднината ќе слушате за војни во сопствените земји.
64 Затоа, Јас Господ, кажав, соберете се од источните земји, соберете се вие заедно вие старешини на Мојата црква; одете напред во западните земји, повикајте ги жителите да се покајат, и онолку колку што ќе се покајат, градете цркви при Мене.
65 И со едно срце и еден ум, соберете ги вашите богатства за да можете да купите едно наследство кое понатаму ќе биде назначено при вас.
66 И ќе биде наречено Новиот Ерусалим, една земја на мир, еден град на засолниште, едно место на безбедност на Светците на Највисокиот Бог;
67 И славата на Господ ќе биде таму, и теророт на Господ исто така ќе биде таму, толку што пакосните нема да дојдат при него, и ќе биде наречено Сион.
68 И ќе се случи помеѓу пакосните, дека секој човек кој нема да го земе мечот против неговиот сосед мора да бега при Сион за безбедност.
69 И таму ќе има собрано при него од секоја нација под небесата; и ќе биде единствнеиот народ што нема да биде во војна едни со други.
70 И ќе биде кажано помеѓу пакосните: Да не одиме во борба со Сион, зашто жителите на Сион се ужасни; затоа не можеме да издржиме.
71 И ќе се случи праведните да бидат собрани од сите нации, и ќе дојдат во Сион, пеејќи со песни на вечна радост.
72 И сега Јас ти велам, задржи ги овие нешта да не одат надвор во светот додека не е целисходно во Мене, да го исполниш ова дело во очите на народот, и во очите на твоите непријатели, за да можат да ги знаат твоите дела додека да го исполниш нештото кое Јас ти го заповедав;
73 За кога ќе го знаат, да ги земат во предвид овие нешта.
74 Зашто кога Господ ќе се појави Тој ќе биде ужасен при нив, дека стравот ќе ги фати, дека ќе се држат далеку и треперат.
75 И сите нации ќе бидат исплашени заради теророт на Господ, и моќта на Неговата семоќност. Дури и така. Амин.