Свети Писма
Учење и Завети 40


Поглавје 40

Откровение дадено на Џозеф Смит Пророкот и Сидни Ригдон, кај Фајет, Њујорк, 6 Јануари, 1831. Пред записот на ова откорвение, историјата на Пророкот изјавува, „Додека Џејмс [Ковел] го одби словото на Господ, и се врати на неговите минати принципи и луѓе, Господ ми даде на Мене и Сидни Ригдон следниот откровение“ (види поглавје 39).

1–3, Страв од прогонување и грижите на светот предизвикуваат одбивање на евангелието.

1 Ете, вистина Јас ви велам, дека срцето на Мојот слуга Џејмс Ковел беше во право пред Мене, зашто завети со Мене дека ќе го послуша Моето слово.

2 И тој го прими словото со радост, но веднаш Сатаната го искуши; и стравот на прогонување и грижите на светот предизвикуваат да го одбиваа словото.

3 Затоа тој го скрши Мојот завет, и остана со Мене да правам со него како ми се чини добро. Амин.