Свети Писма
Учење и Завети 55


Поглавје 55

Откровение дадено преку Џозеф Смит Пророкот до Вилијам В. Фелпс, во Киртланд, Охајо, 14 Јуни, 1831. Вилијам В. Фелпс, еден копирач, и неговото семејство пристигнаа во Киртланд, и Пророкот бараше Господ за информација во врска со него.

1–3, Вилијам В. Фелпс е повикан и одбран да биде крстен, да биде одреден како старешина, и да го проповеда евангелието; 4, Тој исто ќе пишува книги за деца во Црковните училишта; 5–6, Тој ќе патува во Мисури, кое ќе биде областа за неговите трудови.

1 Ете, така ти кажа Господ, Мојот слига Вилијам, да, дури и Господ на цела земја, ти си повикан и одбран; и откако си бил крстен со вода, што ако го правиш со око на Моја слава, ќе имаш опростување на гревови и прием на Светиот Дух преку полагање на раце;

2 И тогаш ќе бидеш ракоположен преку раката на Мојот слуга Џоеф Смит, Јун., да се биде старешина при оваа црква, да се проповеда покајание и опростување на гревови преку начинот на крштавање во името на Исус Христос, Синот на живиот Бог.

3 И врз кој и да ги положиш твоите раце, ако се покајнички пред Мене, ќе имаш моќ да му го дадеш Светиот Дух.

4 И повторно, ќе биде ракоположен да му помагаш на Мојот слуга Оливер Каудери да ја прави работата на копирање, и одбирање и пишување книги за училишта во оваа црква, за мали деца исто да можат да добијат упатства пред Мене како што ми е пријатно на Мене.

5 И повторно, вистина Јас ти велам на тебе, заради ова ќе патувате со Моите слуги Џозеф Смит, Јун., и Сидни Ригдон, за да можете да бидете засадени во земјата на твоето наследство да ја чините оваа работа.

6 И повторно, нека Мојот слуга Џозеф Коу исто така патува со нив. Остатокот ќе биде познат оттука натаму, како што сакам Јас. Амин.